Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До 14 часот никој не поднел тужби до Управниот суд

0
By Нова ТВ on July 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До Управниот суд до 14 часот не се пристигнати тужби од политичките партии, откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 нивни приговора за предвремените парламентарни избори, информира за МИА претседателот на Управен суд Бурим Сејдини.

ДИК треба да ги достави решенијата за одлуките до политичките партии, по што почнува да тече 24 часовниот рок за поднесување на тужби. Како што информира портпаролот на ДИК, Адмир Шабани до 14 часот решенијата од Комисијата за отфрлање или одбивање на приговорите ги подигнале претставници на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на Интегра, на МОРО, на Демократи и на Левица.

Тој вели дека доколку некоја од партиите не ги подигне решенијата, ДИК им ги испраќа по електронска пошта. По пет часа по испраќањето се смета дека решенијата им се доставени на партиите. Потоа тие имаат рок од 24 часа да ги достават до Управниот суд, кој пак во рок од 60 часа по приемот на тужбите треба да одлучи по нив.

„Подготвени сме да примиме тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници, меѓутоа до овој момент нема поднесено тужби“, вели Сејдини.

Тој истакнува дека се преземени сите активности и мерки за судот да функционира во целиот свој капацитет.

„Извршена е жрепката на советите за одлучување по избори, така што, убедени сме дека Управниот суд ќе успее навремено да ги изврши своите законски надлежности, а тоа е да донесе одлуки по поднесените тужби и да имаме официјални конечни резултати по одржаните предвремени парламентарни избори 2020 година“, рече Сејдини.

Повтори дека се прават напори да се организираат и судот да постапува најефикасно што може. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Хамас денеска го започна ослободувањето на преостанатите заложници во Газа, јавија израелските медиуми, според кои…

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.