Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До 17 часот 83,3 проценти од граѓаните во Вевчани гласале

0
By Нова ТВ on March 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Општина Вевчани до 17 часот на гласање излегле вкупно 83,3 отсто од граѓаните со право на глас.

Според претседателот на Општинската изборна комисија во Вевчани Ивица Костојчиноски, изборниот процес во општината од почетокот кога се отворени гласачките места во 07 часот досега тече без проблеми.

Во Вевчани право на глас имаат вкупно 2.055 граѓани кои избираат помеѓу тројца кандидати за градоначалник и три советнички листи за идниот состав на Локалната самоуправа.

Според последните информации од општинските изборни комисии, на локалните избори до 17 часот во Охрид излегле 64,62 отсто од граѓаните со право на глас, додека во општина Дебрца тој процент изнесува 65,8 проценти.

На територијата на општина Охрид изборите се спроведуваат на 73 избирачки места, со 50.686 граѓани со право на глас, додека во општина Дебрца 4.656 граѓани гласаат на гласачки места.

За функцијата градоначалник охриѓани ќе избираат меѓу пет кандидати и 13 предложени листи за советници, додека граѓаните на општина Дебрца ќе избираат градоначалник од четворица кандидати, а ќе гласаат и за една од трите листи за членови на идниот општински совет.

Во општина Могила на 23 избирачки места до 13 часот гласале 2.038 граѓани или 37,23 отсто од вкупното гласачко тело кое според Единствениот избирачки список има 5.476 гласачи.

Жителите на Могила имаат можност да изберат еден од 5-те кандидати за градоначалник и исто толку листи за членови на општинскиот Совет.

Од ОИК Новаци соопштуваат дека до 13 часот на подрачјето на таа општина гласале 46,9 отсто од вкупниот број избирачи. На 23 избирачки места се избира од четири кандидати за градоначалник и исто толку листи со кандидати за членови на Советот на општина Новаци.

Досега и во двете општини не се регистрирани проблеми на гласачките места.

Повеќе од 60 отсто од граѓаните со право на глас излегле денеска на гласањето во општината Кичево, и тоа до 15 часот. Од 48.000 гласачи евидентирани на единствениот избирачки список, досега гласале околу 30.000 граѓани, што не е забележано од постоењето на плурална Македонија.

Рекорд е постигнат во поранешните општини Осломеј и Зајас. Таму до 14 часот излегле над 9.000 гласачи. Повеќето граѓани што гласале специјално допатувале од странство за да го остварат своето избирачко право.

Во општините Дебар и Центар Жупа, изборниот ден минува без никакви проблеми. Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 7.736 лица со право на глас или 45,6 отсто од вкупно запишаните 16.948 граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.