Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска на работен состанок со директорите на здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за ковид-19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација која треба да започне од следната недела.
Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен, информираат од Министерството за здравство.