НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доаѓа многу опасна бура?!

0
By Zoran Ivanov on April 10, 2025 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Познато е дека во ептен турбулентно време, Американците ја создадоа Република Македонија, и цело време ја штителе. Ама сега работите се сменија. Нема кој да ја штити освен некоја голема среќа. А таа не доаѓа сама по себе.

Мерсел Биљалии

Параг Кxана, врвен експерт по светска економија и геополитика, автор на многубројни бестселери меѓу кои и книгата „The Future is Asia” (Иднината е aзиска), вели дека сме сведоци на многу големи тектонски промени на светско глобално ниво. Првин, светот го погодија две нови „светски војни“ – Ковид и Украина. А потоа и Блискиот Исток.

Интересно што по секоја голема пандемија во светот се имаат случено големи катастрофи. Познато е дека по „црната чума“ во 14 век која уби речиси половината од населението на Азија и Европа. Поради тоа тогаш пропадна најсилната империја низ целата човечка историја – Империјата на Монголите со над 33.000.000 км2 територија. Потоа познато е дека по „шпанскиот грип“ се случи „големата економска депресија“ (1929-1933), која во Европа создаде енормна сиромаштија, состојба што го донесе Хитлер на власт. Цената – 50 милиони загубени животи и општ пекол низ целиот свет.

Потоа, поразот на тогашната суперсила СССР во Авганистан во 1988 година е поврзан со епидемијата „мала божица“ која во тие години косеше по таа сиромашна држава. Тоа руско повлекување доведе до падот на комунизмот во СССР, а потоа и во цела Источна Европа. А последната светска пандемија со коронавирусот доведе до опасна густа црна магла, поради која светот сè уште живее во голема темнина. И по три години, светската економија се движи како заталкан патник по голема пустина, кој само низ фатаморгана гледа убава оаза, полна со вода!

Каналите за снабдување на глобалните пазари сега се многу посложени отколку што се мислело, а тоа ја погодува целата светска економија. Високите светски цени на енергијата и на храната продолжуваат да предизвикуваат висока инфлација и големи политички потреси низ државите, дури и кај таткото на демократијата – САД. Глобалните економски чинители селективно продолжуваат да ги поткопуваат регионалните економии и глобалната економија како целина.

Директорот на едната од најголемите светски компании „BlackRock“ – Лaри Финк, кој управува со над 10 трилиони долари, смета дека сега „имаме сериозен прекин кај економските компоненти што го поврзуваат светот“. Четири години по ред, глобалниот економски раст е под три проценти, што е сериозен знак дека светот ќе стагнира подолг период.

Мирот е фатаморгана

Цените на енергијата сè уште се високи бидејќи Русија е исклучена од значителен дел од светскиот пазар на нафта, a тоа влијае врз светската цена на овој енергенс. Многубројни светски познавачи се на мнение дека „ерата на соработката со Русија на подолг период ќе биде парализирана“, и дека лесно ветеното „24-часовно“ решение за руско-украинската војна многу тешко оди. Напротив, и по неколкуте рунди мировни средби, Русија продолжува со жестоки напади против Украина, што мирот го претворува во пустинска фатаморгана. Деновиве бомбардирањата продолжуваат дури во должина на границата со Полска, како своевидна голема „благодарност“ на американското посредување во Џеда (Саудиска Арабија)! Одделни европски земји сè уште се на мнение дека е потребен нов пристап кон безбедноста на Европа, засновано „на сила, одбрана и одвраќање“, но тоа без САД е невозможно.

Цената на нафтата продолжува да биде висока, дополнителното поради повторно усложнување на состојбата во Газа, и поради кое јеменските Хути дополнително се активизираат со напади врз западни танкери во Црвеното Море. Ситуацијата со светскиот мир се очекува дополнително да се усложни ако биде нападнат Иран, кој е верен сојузник на Русија и голем снабдувач на Индија и на Кина со нафта.

Без дилема дека лошата економска состојба во државите видно фаворизира авторитарни политички опции, кои се природно толерантни кон режимот на Путин, дури во него гледаат свој природен сојузник. Фрапантно е дека во последните сондажи во Германија, екстремната десничарска партија АfD води дури пред Демохристијаните кои ги добија изборите пред само еден месец! За жал, во ситуација на економска криза, мал број луѓе знаат дека патот кон пеколот може да биде многу убав, ама сепак завршува во црниот пекол.

Сега веќе и „пријателството“ меѓу Кина и Русија е под голем сомнеж. Познато е дека ако Русија значително ослабне, можно е да се зголемат апетитите на Кина кон голем дел од ненаселениот Сибир како „ветена земја“ за пренаселената Кина. Сега и еден неформален блок земји – Индија, Саудиска Арабија, Емирати, Виетнам, Турција и Бразил – влегуваат во некаква калкулантска игра. Мултинационалните структури на светот, особено Светската трговска организација и Светската здравствена организација, видно се ослабнати, да не кажеме парализирани. Иако ММФ привремено ја поврати својата важност, постојните макроекономски параметри може да го убијат и тој мал оптимизам, а Светска банка повеќе нема доволно ресурси. Сега постојат два можни патишта: создавање нов светски поредок со различни функционални механизми, што е многу тешко да се создаде во постојните мултиполарни услови, а ако тоа не се случи, тогаш сме многу блиску до опасна глобална апокалипса.

Балканот во ќор-сокак?!

Со промените во САД, НАТО очигледно многу загуби од својот авторитет, особено по многуте изјави дека нема да бидат заштитени земји членки што не го платиле процентот според нивниот БДП. Американскиот изолационизам е убава храна за овдешните балкански популисти што во коалиција со организираниот криминал сериозно размислуваат за да го дестабилизираат регионот. Додик веќе никого не прашува, дури смогна сила да ја истерува од Република Српска и германската министерка за европски прашања Ана Лирман! Од друга страна, Вучиќ се прави дека „не е од тука“, оти и самиот се надева во вакво регионално заострување, со цел да се спаси себеси од студентскиот бунт. Така што сега практично Балканот наликува на село без кучиња, што е рај за големи владини арамии, кои во катастрофата на државата гледаат свој бизнис и спас.

Одделни балкански држави почнаа веќе регионално да се поврзуваат меѓу себе, што води кон тоа да се создадат регионални мини-воени блокови за самозаштита. Тука Македонија е изгубена во времето и просторот. Таа премногу е зближена со Унгарија и Србија, што дијаметрално се коси со нејзиниот опстанок. Додик веќе најави дека Република Српска ќе ја приклучи кон сојузот меѓу Србија и Унгарија, кој сојуз без дилема дека завршува во Москва. Додик веќе има најавено дека босанскиот ентитет Република Српска ќе побара приклучување кон воениот договор со Србија и Унгарија. A cпоред Уставот на БиХ и Дејтонскиот договор, ентитети немаат надлежност да водат надворешна и воена политика.

При ваква компликација, македонскиот претседател(ка) и премиер треба да ѝ се обратат на нацијата, додека сè уште нацијата се нема обратено до кај нив! Судбината на Македонија е крајна неизвесна, особено поради блискоста со Орбан, кој веќе дефинира своја опасна агенда. Познато е дека мирот никогаш не умира по природен пат, туку поради неприродни умови што наложуваат да се скокне во празен базен. Или, пак, во длабока река ама под услов скокачите доцна да се присетат дека не знаат да пливаат! Во услови кога светот гори, овде сè уште се игра на „бугарскиот диктат“! Познато е дека во ептен турбулентно време, Американците ја создадоа Република Македонија и цело време ја штителе. Ама сега работите се сменија. Нема кој да ја штити освен некоја голема среќа. А таа не доаѓа сама по себе!

Македонија во деведесеттите години беше втора по развој во Источна Европа (по Словенија). Многу понапред од Полска и Чешка, а за Бугарија и Романија бевме Америка. Со мала интервенција во името (за надворешна употреба) ќе станавме до Словенија. Но, некои луѓе само кога изворот ќе пресуши, ќе ја разберат вредноста на водата. Сега Македонија е најслаба држава во Европа и гордо продолжува да се движи кон дното. Не се знае кај ќе стаса, ама важно „да ја сочува гордоста“, која во нормалниот свет се нарекува самоубиство. Таквата „гордост“ е рамно на скокање во празен базен! Никако да се запрашаме – што ни се случи овие 35 години што од регионални „Американци“ се претворивме во глобални „Авганистанци“?! За лични и себични цели беа изманипулирани чувствата на граѓаните, а резултатите од тоа се интеграциските блокади и целосната стагнација. Луѓето тешко можеле да разберат дека до успехот не се стигнува со лифт, туку со многу долги скали! Останавме токму таму кај што најголемите противници на оваа држава посакувале. Воопшто нема да нè зачуди ако токму тие „противници“ им подигнат големи споменици на „големите патриоти“! Веројатно за големата услуга!

Текстот е сопственост на Либертас.мк

 

анализа колумна мераел биљали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

ВЕСТИ August 1, 2025

Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните руски напади во Киев, според ново ажурирање од…

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Хамас објави видео од израелски заложник

August 1, 2025

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

July 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.