Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доцни исплатата на социјалната помош и нега од трето лице

0
By Менче Атанасова Точи on January 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доцни исплатата на социјална помош и нега од трето лице. Семејствата кои се на рaбот на егзистенција и примаат социјална помош, како и болните кои примаат парична помош за нега, реагираат бидејќи Министерството за труд и социјала се уште ја нема извршено исплатата.

Во редакцијата на НОВА се јавија повеќе граѓани кои велат дека зачести доцнењето на исплатата на оваа категорија граѓани. Токму на вчерашниот ден Водици, кога македонскиот народ славеше со богати трпези, во НОВА револтирано реагираше жена, примателка на социјална помош.

„ Ова е уште еден долг, гладен ден кој ги чека семејствата на оваа категорија граѓани. Еден од низата многу вакви денови. Господ знае или и тој се збунил, вели низ солзи оваа жена чиј идентитет е познат на редакцијата, но го заштитивме за да нема реперкусии.

Минатиот месец повеќе пати реагираа и тешко болни граѓани кои надоместокот од трето лице го немаа добиено со месеци. Еден од нив е 46 Н.Т. кој боледува од мултипла склероза и е прикован за кревет се пожали дека неколку месеци не му се исплатени парите за нега од трето лице.

„ Во Министерството за социјала ми рекоа дека има проблем со трансакцикита сметка, па со личната карта, но ништо од тоа не беше причината бидејќи имам доставено и трансакциска сметка и нова лична карта. Исплатата за ноември ги добив во декемрви, но за претходните месеци се уште не ми е исплатено. Тие средства ми се неопходни за лекови, за пелени, вели нашиот соговорник.

Од Министертвото за социјалата пак велат дека исплатата за надоместокот за нега од друго лице се одвива редовно и тековно. Од таму највија дека во текот на денот ќе им биделе исплатени средствата.

„Извршена е  исплатата на ова право до крајните корисници на трансакциска сметка. Средствата ќе ги добијат во текот на денешниот ден на своите сметки. Како причина за привремен прекин на исплатата на правото, може да биде датумот на контролниот преглед на корисникот за обнова или продолжување на правото, поврзување на трансакциска сметка со социјален број издаден од Центарот за социјални работи. Во таков случај странката може да се обрати во надлежниот Центар за социјални работи, за регулирање на исплатата, се вели во одговорот од Министерството за труд и социјала.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.