Двајца научници од Јапонија и еден од универзитетот „Калифорнија“ во Санта Барбара се добитниците на овогодинешната Нобелова награда за физика за креирање на ЛЕД светло, трансформациски и сеприсутен извор кој денеска е застапен од осветлувањата во домовите до смарт-телефоните.
Според официјалниот комитет, наградените го одржуваат духот на Алфред Нобел, основачот на наградата, бидејќи ЛЕД светлата значително штедат енергија, имаат подолг рок на траење и се „пријателски“ за животната средина бидејќи не користат жива.
Исаму Акасаки, Хироши Аман и Шуџи Накамура ја измислија диодата која емитира сино светло. Научниците речиси 30 години се обидуваа да креираат таква.
– Тие започнаа една базична трансформација во технологијата за осветлување. Успееја таму каде што другите потфрлија, се вели во објаснувањето на Комитетот кој ја доделува наградата.