Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени наградите на фестивалот на документарен филм „Македокс“

0
By Нова ТВ on June 21, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој се одржа од 14 до 20 јуни 2014 година, во Куршумли-ан и во Младинскиот културен центар во Скопје,ги додели добитниците на наградите на неговото петто издание.

Награда „Кромид“

Комисијата во состав Андреа Кун (Германија), Катриел Шори (Израел) и Роберто Блат (Шпанија) одлучи наградата „Кромид“ – за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма да ја додели на филмот „Откачи!“ (Freak out!) на Карл Јавеер.

Образложение: Годинашната награда „Кромид“ за најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма му ја доделуваме на „Откачи!“ на Карл Јавеер. Филмот поседува елоквентен приказ на релативно непозната приказна која навистина влијаела на некои идни генерации. Покрај тоа, имагинативната употреба на архивскиот материјал ја поттикна едногласноста на жирито при носењето на конечната одлука.
Исто така, би сакале да го издвоиме филмот „Раселени персони“ на Оса Бланк и режисерот Јохан Палмгрин поради одличната нарација и драматичниот портрет на едно семејно патување меѓу два спротивни света.

Во име на наградените автори наградите ги прими Јохана Сефстром од амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.

Награда „Млад кромид“

Комисијата во состав Адмир Чулумаревиќ (БИХ/Хрватска), Анџелка Ненезиќ (Црна Гора) и Владан Петковиќ (Србија) одлучи наградата „Млад кромид“ – за најдобар филм на нов автор да ја додели на филмот „Враќање во Xомс“ на Талал Дерки.

Образложение: Годинава, наградата „Млад кромид“ за најдобар филм на нов автор му ја доделуваме на Талал Дерки за „Враќање во Хомс“. Претставувајќи два харизматични лика среде вознемирувачкиот хорор на војната, којашто светот ја посматра, но не ја гледа вистински, и користејќи фантастично динамична монтажа за да ги поврзе крвопролевањето и потресните слики и секвенци,„Враќање во Хомс“ е многу повеќе од филм. Тоа е опипливо реалистично славење на животот во време кога владее смртта.

Во категоријата на нови автори, посебно признание му оддаваме на Младен Ковачевиќ за „Анплагд“. Оживувајќи древна музичка уметност, вадејќи ја од заборав преку приказната на тројцата оригинални протагонисти, режисерот мајсторски ни го доближува своето ритмичко гледање на едно поедноставно време коешто сè уште го живеат емотивните луѓе во бруталното модерно доба.

Награда „Кокарче“

Комисијата во состав Бранко Аврамовски, Лидија Мојсовска и Светислав Подлешанов, сите од Македонија, одлучи наградата „Кокарче“ – за најдобар филм со деца и млади да ја додели на филмот „Среќа“ на Томас Балме.

Образложение: Во категоријата најдобар филм за деца и млади наградата се доделува на филмот „Среќа“ на Томас Балме. Совршениот спој на филмските елементи, естетиката и автентичната приказна, уште веднаш го издвоија од останатите шест филма во селекцијата. Раскажувачот вешто ги придоби нашите симпатии и не доведе до едногласна одлука. Покрај егзотичните локации и уникатниот филмски јазик, кои веднаш не освоија, тој успеа преку очите на едно дете и неговото семејство да нѝ раскаже за скромните јунаци и нивниот конфликт со модерниот свет.

Специјална награда за филм со најдобри ЕТИЧКИ ИДЕИ

На „Македокс 2014“ беше доделена Специјална награда за филм со најдобри ЕТИЧКИ ИДЕИ. Комисијата во состав Ана Јовковска, Братко Бибиќ (Словенија) и Стефан Сидовски одлучи наградата да ја додели на филмот „Јоана“ на Анета Копач.

Образложение: Филмот е неверојатна визуелна поетика за последните месеци од животот на младата Јоана, болна од неизлечива болест, нејзината релација со семејството и пораките, вредностите и едноставните нешта за животот кои му ги пренесува на својот мал син. Приказната е обработена на суптилен, достоинствен и етички начин. И покрај тешката животна ситуација на главната протагонистка, вешто е избегната тенката граница на патетиката и сензационализмот. Етичката вредност на оваа документарна приказна е и во приодот да му се погледне на животот директно в очи на еден спокоен, радосен и нежен начин и покрај бруталноста на судбината. Личната болка во овој филм во ниту еден момент не паѓа во стапицата на сензационалистичката манипулација на авторот, туку претставува силна морална порака за гледачот.

Во име на авторката Анета Копач наградата ја прими Н.Е. Јацек Мултановски, амбасадор на Република Полска во РМ.

Наградите ги изработи ликовниот уметник Љубиша Ивановски – Лепи.

Следната активност на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ е Патувачкото кино, кое годинава ќе се одвива во регионот Демир Хисар. Од 16 до 28 август карванот на „Македокс“ ќе овозможи синеастичко доживување во осум демирхисарски села, а ќе тргне од градот Крушево по следниот редослед: Крушево (17 август), Журче (18 август), Жван (20 август), Единаковци (21 август), Слепче (23 август), Смилево (24 август), Бабино (26 август), Сопотница (27 август) и Слоештица на 28 август 2014 година.

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ и Патувачкото кино се поддржани од: Националната фондација за демократија од Вашингтон, Амбасадите на САД, Холандија и на Шпанија во Скопје, Министерството за култура на РМ и Агенцијата за филм на РМ, Градот Скопје и Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.