Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска не се појави на сослушувањето во Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) во Сараево, кое го сомничи за напад на уставниот поредок на БиХ.
Сослушувањето на Додик во Обвинителството на БиХ беше закажано за 12 часот, но тој, како што претходно најави, не се одзвал на поканата, објави сараевскиот портал Кликс.ба.
Додик претходно изјави дека РС не ги признава активностите на Обвинителството на БиХ на нејзина територија.
Според Законот за кривична постапка на БиХ, на Додик ќе му биде испратена уште една покана за сослушување.