Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дојче веле: Колку е безбеден мобилниот на Меркел?

0
By Нова ТВ on October 27, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е тајна дека германската канцеларка често и радо го користи својот мобилен телефон за да ги заврши своите службени обврски. Тајна меѓутоа е содржината на нејзините разговори, и-мејлови и кратки пораки. Барем така треба да биде.
Досега се сметаше дека мобилниот телефон на Ангела Меркел, како и мобилните телефони на сите членови на германската влада, се безбедни и не можат да се прислушуваат. Меѓутоа, по истражувањата на магазинот „Шпигел“ на виделина излезе обвинувањето дека американската тајна служба НСА го прислушувала и мобилниот телефон на Меркел. Оттука се отвора прашањето колку се безбедни апаратите, се вели во анализата на Дојче веле.

Користен приватен телефон?

За големиот број кратки пораки (СМС) канцеларката досега користеше мобилни од марката „Нокиа“. Тоа е документирано на различни фотографии. Официјална информација за мобилните кои ги користи канцеларката нема.

Очигледно дека Меркел покрај нејзиниот официјален службен телефон користела и други апарати. Портпаролот на Сојузната служба за безбедност во информационата технологија за весникот „Зиддојче цајтунг“ рече дека мобилниот телефон за кој сега станува збор не бил класифициран од оваа служба како телефон за комуникација безбеден од прислушување.
Изминатите недели сојузните министерства и други служби беа опремени со нови службени телефони – модерни смартфони комбинирани со технологија безбедна од шпионирање. Досега многумина врвни политичари беа принудени со себе да носат три мобилни телефони. Еден за безбедна телефонија и СМС, вториот за безбедни мејлови и третиот за приватно користење, на пример за опслужување на сопствениот профил на Твитер.
Новите мобилни, кои беа испорачани во септември, овозможуваат користење на сите функции во еден апарат. Телефоните на канадскиот производител „Блекбери“ се дополнително опремени од германската фирма „Секјусмарт“ (Secusmart), пишува Дојче веле.

Сржта на секој од овие мобилни телефони безбедни од прислушување била специјална SD-картичка, која едноставно се ставала во делот каде се наоаѓа картичката за меморирање на апаратот, вели основачот на „Секјусмарт“ Ханс-Кристоф Квеле: „Говорот во оваа карта се шифрира. Тоа значи дека од оваа карта произлегува алгоритам за шифрирање, кој го кодира вашиот говор бит по бит“.

Податоците меморирани во апаратот и содржините кои се испраќаат преку мобилната мрежа исто така се шифрираат преку оваа картичка. Независно од тоа апаратот може да се користи како нормален смартфон. Постојат два одделни тека, кои работат независно еден од друг: еден за безбедносно релевантниот дел и еден за апликации и сите нови можности, кои ги нудат модерни смартфони.

Меѓутоа и наводно безбедното кодирање има свои замки. Имено ова шифрирање е делотворно само тогаш, кога телефонските партнери и двајцата поседуваат мобилен апарат, кој ја користи оваа специјална технологија. Сите други разговори не се шифрираат специјално. Интерните владини разговори се значи наводно безбедни, разговорите меѓу владини претстваници и други лица не.

Друг проблем е самото кодирање. Имено, оној кој го има клучот може и да дојде до информациите. „Сѐ што се шифрира, може и да се декодира“, вели ИТ новинарот Робин Кумпл. „Тоа конечно е само прашање на време“. Колку поголеми сметачки способности, толку побрзо се декодира. Поедноставна сепак била класичната шпионажа, значи преку информации од производителите на апаратите или безбедносната фирма да се дојде до клучот за декодирање.

Генерално, со навистина едноставни средства е можно да се дојде до секој телефонски разговор преку мобилен апарат. За тоа е доволен и стар мобилен апарат, вели Кумпл: „Се вклучува лаптоп, се отстранува филтерот и постои софтвер на соодветни канали на интернет и може да се прислушува“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.