Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дојче Веле: „Путинизација“ на Источна Европа – опасност за ЕУ?

0
By Нова ТВ on September 26, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународната организација „Фридом хаус“ предупредува од влошувањето на демократските процеси во некои земји-членки на ЕУ. На листата на т.н. „консолидирани демократии“, Унгарија е на последното место, додека Романија и Бугарија се наоѓаат уште подолу како „полуконсолидирани демократии“ пишува Дојче Веле.

„Фридом хаус“ предупредува дека некои премиери под изговорот на системски реформи ги разградуваат демократските системи во нивните земји. Уште пред две години, „Фридом хаус“ предупреди на опасноста од „путинизација на Источна и Средна Европа“.

За Унгарија во текстот на Дојче Веле се вели дека од примерен ученик стана проблематично дете. Според медиумот, долги години оваа земја се сметаше за пример за демократизација и успешна европска интеграција. Денес, Унгарија се потенцира како пример за антидемократски и авторитарен курс кој го предводи премиерот Виктор Орбан.

За Романија се вели дека својата национална гордост ја користи како оружје во кампања. Односно дека романскиот премиер Виктор Понта сѐ почесто говори оти неговата земја треба да избере поинаков пат од оној на западните ЕУ партнери. Економијата на неговата земја поради долготрајната рецесија во еврозоната мора да се сврти кон исток, смета Понта.

Како претседателски кандидат на претстојните претседателски избори во земјата (2 ноември), социјалдемократот Понта сѐ почесто се врти кон национално-религиозни теми. На речиси секој ТВ настап Понта потенцира дека е горд што се кандидира како православен Романец.

Ни Бугарија не е многу подобра во оваа споредба. Уште во 2008 година, една година по влезот во ЕУ, анкетите покажуваа намалена доверба во ЕУ и зголемена поддршка за големиот брат во Москва. Традиционалните врски со Русија во меѓувреме се зајакнуваат. Во мај годинава и германската влада во интерен документ изрази загриженост поради директното влијание на Русија врз политиката на Софија. Во тајниот документ до кој дојдоа германските медиуми, Берлин изразува загриженост дека Русија ја претворила Бугарија во свој мост кон ЕУ.

Во владата на социјалистите поголемиот дел се стари поранешни комунистички кадри, соработници на тајните служи и бугарски олигарси кои имаат тесни врски со номенклатурата на Путин во Москва. Влијанието е толку големо што Русија директно се меша и во законодавството на Бугарија.

Сепак, терминот „путинизација“ останува контроверзен. Според германскиот пратеник Гинтер Крихбаум, кој раководи со европската комисија на Бундестагот, го отфрла терминот, но признава дека случувањата во трите земји се голем предизвик за ЕУ.

„Прашање е на кредибилитет дали европските вредности како слобода, демократија и правна држава ќе ги проповедаме само кон надвор, на пример во процесот на проширување, или на нив треба да се инститира и внатре во ЕУ“, вели Крихбаум.
Политологот Каи-Олаф Ланг од фондацијата „Наука и политика“ вели дека причината за ерозијата на демократските стандарди во овие три држави не е руското влијание.

„Јас тоа обратно би го поставил: назадувањето на либералната демократија и нетранспарентноста отвора простор за надворешно влијание, меѓу другото и она од истокот и од Русија“, вели Ланг.

И Крихбаум и Ланг се согласни дека ЕУ ќе мора да постави некаква „црвена линија“ за ваквото назадување, а не треба да се заборави ниту дискусијата за евентуални санкции кон овие земји. Крихбаум смета дека има простор за нов механизам за мониторинг на демократијата и основните права во сите земји членки, кој би бил сличен на постојниот Правен барометар на Европската комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.