Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дојче Веле: ВМРО-ДПМНЕ зад сцената бара „индиректна“ амнестија

1
By Нова ТВ on July 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ наводно бара измени во Кривичниот законик, кои би воделе кон застарување на обвиненија за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а со тоа кон индиректна амнестија на нејзини високи функционери, објави Дојче веле на македонски јазик.

Ниту Договорот со Грција, ниту законот за финансирање на политичките партии и барањето за „пржинска влада“ пред избори, најверојатно не се вистинските причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ го блокира изборот на новиот состав на ДИК. Како што тврдат за ДВ извори упатени во преговорите, притисокот на ВМРО-ДПМНЕ зад сцената бил насочен кон барање на одредени измени во Кривичниот законик. Поконкретно, најголемата опозициска партија наводно барала промена и редефинирање на кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и намалување на висината на предвидените санкции, со што би се скратил и рокот во кој застаруваат делата извршени по тој основ.

„Амнестијата за учесниците во настаните од 27-ми април е ‘нафрлена’ само како параван за амнестијата што всушност се бара исклучиво за високи партиски функционери на партијата, кои се опфатени со предметите на СЈО или ОЈО. Со такви измени во Кривичниот законик, обвиненијата за голем дел од нив веќе би станале застарени или би го стакнале тој статус многу брзо во следниот период. На таков начин, би се обезбедила тивка, индиректна амнестија, без многу ‘врева’“, објаснуваат нашите извори.

Мицкоски неколку дена е недостапен да ги потврди или дементира ваквите наводи. Но, дел од вчерашните одговори на премиерот Заев дадени по завршувањето на лидерската средба, индицираат дека има такви обиди. Говорејќи во контекст на очекуваниот договор за деблокирање на процесите кои треба да овозможат одржување на референдум, Заев се осврна на ваков можен аспект.

„За (давање-н.з.) амнестија – директна, индиректна, заобиколена, немам право ниту јас, ниту Мицкоски. Во држава, во која се бориме за најзначајната реформа во правосудството – владеење на правото и законот да важи еднакво за сите, ова е незамисливо. За вакви работи нормално дека не можеме да разговараме. Немаме право, немаме мандат!“, изјави Заев.

Што сака да каже Мицкоски во потесен состав?

Оваа изјава помина незабележна од медиумите, кои претежно се фокусираа на прашањето како се изјаснила на средбата Социјалистичката партија, дали премиерот останува на ставот за предвремени избори во пакет со референдум, и како ќе се реши прашањето за ДИК.

„Оставам простор на лидерската средба во четврток да продолжиме со разговорите“, одговори премиерот.

Но, дали навистина овие прашања ќе бидат во фокусот на денешната лидерска средба што ќе се одржи напладне? Уште една индиција дека теми на разговор не би биле само оние што се јавно декларирани, повторно дојде преку изјава на премиерот.

„Што е тоа што Мицкоски не сакаше да го каже пред сите политички лидери, а е подготвен да го каже на лидерска средба во помал состав?“, праша Заев.

Изјавата уследи по завршувањето на лидерската средба, која Мицкоски ја напушти пo еден час, со барање да се одржи нова лидерска средба, во најтесен состав на главната лидерска четворка. Неговите забелешки за форматот на вчерашната средба беа крајно контрадикторни. Од една страна, реагираше зошто сите политички парламентарни партии не биле застапени на состанокот, а од друга страна дека вчерашниот формат бил преголем, и дека треба да заседаваат само лидерите на двете најголеми партии во власта (македонска и албанска) и на двете најголеми партии од опозицијата (македонска и албанска).

Мицкоски бил единствениот кој на синоќешната средба не се изјаснил каков е неговиот став за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.

„Сите ние, кои останавме до крај на лидерската средба, сите сме за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Потенцирам, сите што останавме сме за успешен референдум како процес (…) Ако е Мицкоски за НАТО и ЕУ, и за просперитетна иднина на Република Македонија, требаше да седи рамо до рамо со лидерите на политичките партии и да носи одлуки во интерес на граѓаните. Наместо тоа, Мицкоски одлучи да избега од лидерската средба, а со тоа и да избега од одговорноста за ова историски најважно прашање за македонската иднина. Затоа, закажав уште една лидерска средба во помал состав, на која што Мицкоски ќе има уште една можност да се изјасни за тоа дали е за Македонија во НАТО и ЕУ и дали е за тоа граѓаните непречено да одлучуваат за иднината на Македонија“, рече Заев по средбата.

Однесување што го демонстрирал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев го нарече „несериозно, неодговорно и навредливо кон сите политички субјекти и кон сите граѓани на Република Македонија”.

Можна формулација на прашањето

Премиерот синоќа соопшти дека на средбата се разговарало и за можна формулација на референдумското прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“.

„Јас немам против, или не сум без разбирање, ако граѓани гласаат против вака формулирано прашање, иако сум убеден дека е огромно мнозинството кое ќе ги поддржи процесите што стојат пред нас. Но, демократско право во демократска земја е да им обезбедиме на граѓаните да се изјаснат на референдум. Историски гледано, зад прашањето за референдум најпрво стоела ВМРО-ДПМНЕ. И редно е да се бори за успешен процес на референдум. Тоа го очекуваме“, изјави Заев во предвечерјето на новата лидерска средба.

Тој потенцираше дека според член 27 од Законот за референдум, во услови кога Собранието треба допрва да донесе исклучително важна одлука за иднината, потребно е референдумот да биде консултативен со цел граѓаните на Република Македонија да бидат консултирани за важното прашање пред да се донесе одлуката, а согласно со Договорот со Грција – тоа е одлуката за уставни промени.

„Во секој случај волјата на мнозинството граѓани изразена на референдум ќе биде конечна за сите политички чинители“, нагласи Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.