НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Докрајчете го Насер Селмани

31
By Биљана Секуловска on March 10, 2018 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пријатно, како што само крвта може да изгледа, милозвучно, како што само таа може да звучи кога блика, така изгледа заканата која братот на Бекир Асани, високиот функционер на ДУИ, му ја упатил на Насер Селмани и неговото семејство- мојот колега и претседател на Здружението на новинарите, откако напиша на Фејсбук дека правната држава клекна на колена, по инцидентот со Асани и полицајката, она физичко пресметување за кое сите ние треба да се извиниме. Откако Селмани го пријавил инцидентот, како што читам, Јавното обвинителство не нашло елементи на закана во таа порака.

Нека ни простат и  Јавното обвинителство и Асани што го вознемирил еден пајак кој дошол да го казни за непрописно паркирање, што треба да сториме за да ни прости, нека каже што мораме, затоа што знаеме што ни следува, ако тоа не го сториме.

Да легнеме пред пајакот, да го демолираме дивјачки, да се стуткаме пред твоите тркала, да не прегазиш, да не смачкаш, да не дробиш ковче по ковче, како државава, како земјава, како кралствово кое го поседуваш.

Таа закана за физичка ликвидација на брaтот на Асани упатена кон Селмани, тоа беше најубавата музика за ушите, симфонија од само еден такт, таа и треба да ги распари ушите, таа и мора да удри со диригентската палка, превентивно, педагошки, дисциплински.

Најпрво по главата се удира по новинар, барем во земји како нашава, за почеток, така се почнува, ако се расцепи на пола, добивате две полутопки, едната да и припадне на мафијата, другата на партијата.

Но и таа што и следува на партијата, ја грабнува мафијата, а по потреба и ја носи на партијата во сребрен послужавник, со две лажичиња.

Едното го добива лидерот, второто кумот, па си ги додаваат и разменуваат, се сладат и отпиваат вода, за да не се задушат, за да не им дојде премногу доза новинарски букви.

Никогаш не можете да сте сигурен дека тие букви нема да остапат од планот, да станат неправилно распоредени, неконтролирани, затоа мавнете силно, нека ни се распарчи тастатурата, нека падне под тркалата на колата на Асани.

Нека ги грицка црно-белите букви една по една, нека ги измеша со лажичето од полутопките на поранешната глава, само така се храни една правна држава, кога мафијата е мајката, мајка на сите власти.

Така е, само вие продолжете со старите навики, со добронамерните закани, со благите предупредувања, со подадената рака од која виси камшик, слободно удрете, не сопирајте, парчете, посегнувајте по нас новинарите, по Насер Селмани секако, по сите нас задолжително.

Не има многу за почеток, премногу би рекла, но вие не се снебивајте, срамежливо се почнува, најпрво со закани за ликвидација, боже мој, подоцна никој не ви гарантира во што се тоа може да прерасне. Ако ги достигне врвите на сегашнава држава, каде Груевски го победивме, но не и груевизмот, во тој случај, сте победиле.

Слушам сега дека на истото место каде се случил инцидентот со Бекир Асани, сега се паркираат по три џипа. Четвртиот очекувам да се насели во кабинетот на Заев, едноставно да се премести од досегашното удобно место, она кај Ахмети. А најцинично од се е што ниту еден не може да влезе во нашиот простор, новинарскиот, оној на Селмани, овој мојов, сите наши.

Ако тоа го види Заев, ако тоа тој го сфати, ако му прелета мисла дека тоа никогаш и нема да се случи, се ќе се смени во оваа држава. Знае Заев дека овој наш простор, новинарскиот, отсекогаш бил и останува непобедлив, неуништлив, слободен и голем, голем колку што мора да биде, чудесен простор во кој само ние владееме, ние, суверени владетели на нашата слобода, каде мораме да бидеме одважни и храбри. Знае се од ова Заев, дека се е полесно и за него и за сите нас, тој знае дека тука сме и никаде не одиме, за да не се повтори ништо од последнава деценија.

Само така џипот што планира да се насели во неговиот кабинет, само така пред неговите очи сам ќе се распадне, нема да помогне ни молењето на Ахмети  за влечна служба, за сервис, за поцрнета и замастена мајсторска рака, само да го врати во живот, затоа што теророт на тој џип бил неговиот живот.

Затоа, кога удирате по Насер Селмани, удирате по сите нас, и тоа е однапред изгубена битка. Слободно удирајте и понатаму, но не заборавајте- не сме ваши, ниту нивни, ниту пак ова е ничија земја, ниту пак сечија, а најмалку на Бекир Асани и неговото мафијашко касапско друштво.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.