Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Документ за ковид-19 задолжителен за новата учебна во Грција

0
By Biljana on August 11, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан коронавирус или негативен тест ќе бидат услови за старт на новата учебна година во Грција.

Задолжителен документ за ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан корона вирус или негативен тест) – ќе бидат услови за старт на новата учебна година во Грција, која ќе стартува на 13 септември, а ќе се одвива со физичко присуство на учениците и студентите.

Од Министерството за образование на Грција, информираат дека просветните работници, односно за наставниците и професорите, како од училиштата, така и од универзитетите задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 во последните шест месеци или негативен лабораториски тест два пати седмично, што ќе биде на нивни товар, а истите правила важат и за студентите.

Сертификат за вакцинација, доколку се постари од 12 години, потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично.

„Ги охрабруваме членовите на образовната заедница кои сè уште не се вакцинирале да побрзаат, пред почетокот на новата учебна и академска година, да го искористат овој штит на заштита од коронавирусот. Целта на сите нас е заштита на индивидуалното и јавното здравје и непречено функционирање на нашите образовни структури“, соопштуваат од Министерството за образование на Грција.

Протоколите по кои ќе работат училиштата и факултетите ќе бидат детално соопштени непосредно пред почетокот на учебната и академската година.

Грција нова учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025
ФОКУС

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг но многумина сè уште се водат како исчезнати

ВЕСТИ November 27, 2025

Бројот на загинати во пожарот што зафати неколку станбени висококатници во Хонг Конг се зголеми…

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

November 27, 2025

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025

Агелер вечерва со изјава на ТВ го „утепа“ Мицкоски за судството – пораката е „помалку зборови, повеќе дејствување“

November 26, 2025
ТИКЕР

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.