НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Документарец за Карлос Сантана вечерва го отвора Скопје Синема Сити: Следуваат четири дена на возбудливо музичко-документарно патување

0
By Ана Василевска on July 1, 2024 ЗУМ, КУЛТУРА
Carlos SantanaThe Sentient Tour 2013Ippodromo del Galoppo, Milano26 luglio 2013This image is copyright © Roberto Finizio. All right reserved. This photo must not be used under ANY circumstances without written consent.
for info and photos visit my website www.robertofinizio.itQuesta immagine è protetta da copyright © Roberto Finizio. Tutti i diritti sono riservati. L'immagine non deve essere utilizzata in nessun caso senza autorizzazione scritta dell'autore.
per info e materiale fotografico visita il mio sito www.robertofinizio.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, вечерва во 21 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе биде означен почетокот на филмската програма на јубилејносто 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“,  претставува портрет на Сантана  и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот.

Карлос Сантана е легендарна личност во светот на музиката. Познат по својот спој на латино рок и блуз, кои за прв пат ја пленела публиката кај Филмор во Сан Франциско а потоа на Вудсток во 1969 година. Неговиот уникатен звук и импровизирачки стил веќе половина век ги трансцендираат границите.

До 4 јули проекциите на филмовите ќе започнуваат во 20.15 часот во летното кино, а во случај на дожд, проекциите ќе бидат организирани во киносалата на Кинотеката.

„Ова патување започна како визија и страст за музиката и филмската уметност, и денес, по десет години, повторно сме тука, вели Ненад Георгиевски, организатор на фестивалот“.

„Скопје синема сити“ е филмски фестивал на музички документарни филмови. Програмата на фестивалот е поделена во два дела – изложба на фотографии што веќе е отворена во „Мала станица“, како и филмската програма што започнува од вечерва.

Утревечер на програмата ќе бидат „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“. Земја во фокус годинава е Полска, а фестивалот ќе организира омаж на опусот на Грегор Брзозович. Авторот ќе биде и гостин на фестивалот, а со него ќе биде организиран и разговор на 3 јули во 21.15 часот.

Последната вечер на фестивалот ќе биде посветена на македонски филмови. Ќе бидат прикажани „Лука“ ворежија Ице Виранов. Ќе бидат промовирани две изданија – „Филмска објектологија“ на Васил Михаил и „Биографија на Тале Огненовски“ на Благојче Трајковски. Ќе биде прикажан и филмот посветен на Огненовски.

Артист во фокус за оваа година е полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер кому му е доделена наградата за животно дело.

Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“.

За филмовите:

„Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин

Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки кои режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез музичар чиј живот бил обележан од долго користење дроги.

„Џо Страмер: Иднината е ненапишана“

Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсаканите британски музичари кој е познат како фронтменот на групата The Clash.  Како фронтмен на групата The Clash почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години после неговата смрт во 2022 и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.

 

Пријатели со 33 вртежи“  57 мин

Овој документарец ја раскажува приказната за необичното пријателство меѓу двајца графички дизајнери Рослав Сајбо и Станислав Загорски кое траело преку 60 години. Почетна точка за овој филм е изложба на преку 50 корици за винили и каде овие двајца уметници дискутираат за годините поминати на студии на Академијата за фини уметности во Варшава, Полското школо за постери и нивните соработки со уметници како Кшиштов Комеда, Velvet Underground, Cream, The Clash, Пол Сајмон и Арт Гарфанкел.

 

 

„Станислав Сиревич“, 57 мин

 

Филмот ja раскажува приказнаta за кариерата на Станислав Сиревич, извонреден филмски композитор чиешто творештво е малку познато во Полска. Роден е во советски логор. На 9-годишна возраст е прогласен за клавирско чудо, но по завршувањето на музичката академија го напушта концертирањето. Започнува студии на режисерскиот отсек на театарската школа во Варшава и компонира, меѓу другото, и хитот “Śpiewać każdy może”. 13 декември 1981 година го затекнува во Париз. За време на егзилот, соработува со Џо Кокер, Маријан Феитфул, глумицата Дајан Китон и бендот The Rolling Stones. Истовремено компонира музика за преку сто филмови во Франција, Велика Британија и САД. Сиревич соработува и со полски режисери (“Папирна брак”, “Тестостерон”, серијата “Дом над разлевiskiem”). Во 1994 година Едита Горњак го освојува второто место на Евровизијата таа година со неговата песна “To nie ja!”. Една година пред тоа, Сиревич ја добива престижната награда Ace Award. Еден ден после гала вечерта треба да започне преговори за работа во Холивуд. Ноќта, во Лос Анџелес, се случува силен земетрес. Се враќа во Лондон, каде што го започнува најплодниот уметнички период во кариерата. На премиерите на филмовите со неговата музика се гости принцот Чарлс, принцезата Дајана и кралицата Елизабета II. Неговите плочи се издаваат ширум светот, а саундтракот за серијата “The Choir” стигнува до третото место меѓу најпопуларните изданија во Велика Британија. Филмот на Брзозович не е само приказна за кариерата на извонреден уметник. Овој филм е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и да твори.

 

 

Македонска вечер

„Лука“, реж. Ице Виранов, 30 мин.

Лука“ е документарен филм на здружението за култура „Транзен“, во режија на Ице Виранов, според сценарио на Бинева Џејд. Станува збор за филм за млади музичари што бараат начин да ги изразат своите креативни потенцијали.  Тројцата се целосно посветени на креирање авторска музика, рок и џез, но и други жанровски стилови. Филмот го документира нивниот креативен набој и развој на иновативни идеи, создавање музички инструменти од отпадни материјали и креирање нови звуци, алтернативни музички композиции на истите инструменти.

 

„Тале Огненовски“, режија Благојче Трајковски 60 мин.

Тале Огненовски  ги поставил темелите на македонската традиционална музика за кларинет и ја оформил рамката за тоа како треба да изгледа македонското народно оро за кларинет. За 100 годишницата од неговото раѓање  професорот м-р Благојче Трајковски промовираше книга и документарен филм кои сведочат за животот на Огненовски, бројните награди и признанија, а ги публикува и неговите авторски ора како нотен текст.

документарен филм Кинотека на РСМ Скопје Синема Сити 2024
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.