Хрватска актерка Долорес Ламбаша (32) која на 23 октомври подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случи на А3 автопатот на Среданци, ќе биде погребана утре во 16 часот на градските гробишта во нејзиниот роден Шибеник, пренесува хрватскиот портал „24 сата“.
Освен нејзиното семејство и роднини на погребот се очекуваат голем број колеги на актерката.
Нејзиниот профил на Фесјбук е преполн со проштални пораки од нејзините пријатели, колеги, фанови и познаници.
Со неа во автомобилот бил нејзиниот колега Стојан Матуљ (52) кој управувал со возилото, а поминал само со полесни повреди.