Партијата ДОМ на денешната прес конференција побара донесување на пакет закони од областа на урбанизамот со кои според нив ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето.
-Тргнувајќи од фактот дека 20% од загадувањето на воздухот со штетни ПМ10 честички доаѓа од градежништвото и од антиеколошката урбана експанзија, ДОМ инсистира на донесување на пакет закони и мерки во урбанизмот во првите 100 дена од новата влада, се вели во соопштението.
Тие бараат стопирање и ревизија на сите штетни ДУП-ови и ГУП-ови, закон за урбано зеленило, закони за Градски архитект и нови закони за просторно и урбанистичко планирање и за градење.
Според ДОМ овој пакет закони во урбанизмот ќе претставува „брана пред напливот на желбите и интересите на политичарите и инвеститорите, а во функција на потребите на граѓаните за хумано, здраво и квалитетно живеење“.