Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Домот „Кузман“ уште не е на централно-ќе се грее на екстра лесно гориво од Владата

0
By Нова ТВ on November 1, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Причина за црниот чад што денеска се појави од оџакот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски“ во Центар е што исклучувањето на системот на мазут, тврди директорот на Државниот студентски центар „Скопје“ Дарио Николовски.

Тој признава дека домот се уште не е приклучен на централно греење, на што се обврзаа во февруари оваа година со потпишување на меморандумот со БЕГ, на кое присуствуваа министерот за образование Арбр Адеми и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој овој чекор го оцени како официјален почеток на практичната примена на Планот за чист воздух за 2019, донесен лани ова време. Николовски вели дека од наредната недела ќе биде објавен јавен повик, а до завршување на постапката за поврзување, ќе се греат на екстра лесно гориво што го добиле од Владата.

-Додека да се спроведе целосно постапката за поставување на централното, од Владата добивме 80 илјади литри екстра лесно и ќе се грееме со тоа. Во моментот кога ќе заврши зафатот, ќе бидеме конечно на гас. Се работи за три проекти. Освен тоа што се греевме на мазут и кујната ни беше на мазут, и затоплувањето на санитарната вода со која што се тушираат студентите ни беше на мазут. Заврши ревизијата, наредната седмица се пушта јавниот повик и останува само да се спроведе, вели Николовски.

Заменикот-министер за животна средина, Макрадули пак за Фокус изјави дека Владата ги префрлила парите за домот да се приклучи на централно греење и дека е направена мапа, домот да престане да се грее на мазут.

-Само да се потсетиме дека префрлањето од мазут на централно греење на студентскиот дом Кузман беше ветено како ПРВА активност која ќе се реализира во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019, од План за чист воздух. Еве го резултатот. Незгодно барем малце да им паднеше на толку ветувања, фанфари, да не спроведеш до волку, па уште да си ветил како прва активност за годината, која еве завршува. Да се повлечеше некој од функција, да кажеше, јас сум одговорен за ова и се повлекувам. Не. Ништо, реагираа денеска од Иницијативата О2.

Макрадули на 16 јануари годинава најави дека во текот на тој месец ќе реализираат првите две активности – од кои едната е токму централното греење за „Кузман“.

-Тоа е поврзување на студентскиот дом „Кузман Јосифовски -Питу“ во Скопје на топлинскиот оператор. Во моментов таму има 490 студенти, а загревањето е на мазут и во зимскиот период се троши 230 тони. Годишно има трошоци од  7,1 милиион денари, од кои пет милиони ги покрива државата. Со поврзувањето на топлинскиот оператор трошоците, како што рече, ќе се намалат на околу 5,3 милиони денари.

Голем е бројот на државни институции во државата кои користат мазут за затоплување. Иако не постои прецизна евиденција за тоа колку институции во моментот се на овој енергенс, податоците до кои дојде НОВА во истражувањето во април годинава, покажуваат дека нивниот број е огромен.  Мазутот е продукт кој се добива со дестилација на нафтата и важи за голем загадувач воздухот и животната средина.

Вкупно 17 здравствени установи во државата користат мазут или тоа го прават комбинирано со нафта, говорат податоците кои ги добивме од Министерството за здравство.

На ваков начин се греат општите болници во 15 градови, двете Клинички болници во Битола и Тетово, Психијатриските болници во Скопје, Демир Хисар и Негорци, Специјалната и болница за белодробни заболувања во Јасеново, Специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо во Охрид, како и Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Ѓорче Петров. Очигледно, здравствените установи каде што лекуваат, всушност предизвикуваат тешки последици по здравјето на луѓето.

И вечерва ПМ10 над дозволеното

Мерните станици за квалитет на воздухот вечерва покажуваат зголемени концентрации на ПМ10 честички на повеќе места.

Загадувањето на повеќе места е над доволените 50 мг на метар кубен, а нависоко е во Куманово, Ѓорче Петров и Миладиновци каде тие се над 100 мг на метар кубен, додека во Тетово карпош и Струмица е од 64 до 69 мг на метар кубен.

И натаму не работи мерната станица во Лисиче, реон кој лани беше шампион по загаден воздух, а нема податоци ниту за Битола, Кавадарци, Велес, Кичево…

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.