Русија има предност. Како што знаете, руските сили опколија околу 2.500 илјади украински војници, што не е добро. Сакаме да ставиме крај на тоа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп рече дека разговорот со Путин поминал одлично и разговарале за многу теми, вклучувајќи го и патот кон мирот.
Според него, рускиот лидер не побарал од Трамп да ја прекине помошта за Кијив за ова прашање воопшто не се разговарало.
Трамп изјави и дека американските војници не учествуваат во украинскиот конфликт, во спротивно тој може да ескалира во Трета светска војна.
Кога станува збор за односите меѓу Москва и Вашингтон, американскиот лидер истакна дека економските односи може да се изедначат по завршувањето на конфликтот во Украина.
Русија има ресурси, на САД им се потребни. Меѓу нив има ретки метали,нагласи Трамп.
Тој, исто така, додаде дека Вашингтон планира да ги нормализира односите не само со Москва, туку и со Пекинг.
Ќе имаме пријателски односи со двете земји, заклучи американскиот лидер.