Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донаторите на „Ќосето“ зеле простории што не ги користеле

1
By Нова ТВ on November 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата ја поништи одлуката со која во ноември 2015-та година простор во Трговскиот центар „Скопјанка“ им бил доделен на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.

Овие простории, што до 2011 година ги користело Здружението на децата бегалци, како што денеска изјави министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, од 2011 година до денес се празни и не се користат.

– Она што утврдивме е дека иако претходната влада со одлука прво во февруари 2015-та година на Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради му дава простор во центар во Скопје, па потоа во април истата канцеларија му се одзема и во ноември му се даваат просториите во „Скопјанка“, утврдивме дека ова Здружение ниту се вселило во новите простории, ниту пак има промена во делот на користењето. Практично тие простории од 2011 година кога Здружението на децата бегалци е избркано од таму, стои празно. Бидејќи Здружението следната година ќе ја организира 5. Светска средба на децата бегалци, тие побараа помош и поддршка за да може да имаат простор каде ќе ги реализираат тие активности и јас како министер реков дека ќе помогнам за да им овозможиме нормално функционирање и реализација на предвидените активности, рече министерот Адеми.

На вчерашната владина седница, како што нагласи Адеми, не е донесена одлука за доделување на овие простории на друго здружение.

Таква одлука, како што истакна Адеми, ќе биде донесена откако ќе завршат процедурите во Агенцијата за управување со имотот и јавниот простор.

НОВАТВ вчера објави како Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин е познато по големите донации на споменици за Скопје, меѓу нив и оној на контроверзниот Андон Ќосето, од анонимно станува миленик на режимот на Никола Груевски.

Донациите на ова анономно здружение отворија сомнежи за потеклото на парите со кои што се правеле овие споменици. А се јавија и легитимни прашања – дали ова здружение е вистински претставник на граѓанскиот сектор или само фронт организација зад која се кријат нарачателите на едни од најконтроверзните споменици – политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која во тоа време ја имаше власта. Новата власт, пак, планира да им ги одземе привилегиите кои што им ги даде Груевски во, според нив, нетранспарентна процедура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данската влада ќе работи и ноќна смена за да ги следи изјавите и работата на Трамп

November 27, 2025

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025
ФОКУС

Бројот на загинати во пожарот во Хонг Конг порасна на 75 – над 300 исчезнати

ВЕСТИ November 27, 2025

Бројот на загинати во разорниот пожар што зафати блок станбени згради во Хонг Конг се…

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг но многумина сè уште се водат како исчезнати

November 27, 2025

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

November 27, 2025

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025
ТИКЕР

Данската влада ќе работи и ноќна смена за да ги следи изјавите и работата на Трамп

November 27, 2025

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.