Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги одзема канцелариите на донаторите на споменикот на Ќосето

3
By Нова ТВ on October 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 31, 2017 14:53

Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин е познато по големите донации на споменици за Скопје, меѓу нив и оној на контроверзниот Андон Ќосето. Донациите на ова анономно здружение отворија сомнежи за потеклото на парите со кои што се правеле овие споменици. А се јавија и легитимни прашања – дали ова здружение е вистински претставник на граѓанскиот сектор или само фронт организација зад која се кријат нарачателите на едни од најконтроверзните споменици – политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која во тоа време ја имаше власта. Новата власт, пак, планира да им ги одземе привилегиите кои што им ги даде Груевски во, според нив, нетранспарентна процедура.Споменикот на Андон Ќосето

Владата на денешната седница одлучи да го одземе деловниот простор во Скопје кој претходната влада на Никола Груевски му го даде на трајно користење без надомест на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин. Деловните простории на ова здружение му беа доделени во 2014 година, а со одлука на тогашната влада беше почестено и со возило „Ауди А4“.

Претседателот на Здружението, Ташко Јованов, во друштво со претседателот на СМК, Тодор Петров

Миленичето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години добиваше и повеќе грантови од Владата за невладини организации. Сепак, средствата од овие грантови беа мали и според проценките на експертите ни одблиску не би можеле да надоместат средства за донираните споменици. Оттука доаѓаат и сомнежите за тоа кој е вистинскиот нарачател и финансиер на пет споменици од бронза поставени на повеќе локации во Скопје.

Сиромашни големи донатори

Здружението е основано пред речиси две децении,  во 1997 година, непосредно пред формирањето на првата влада на ВМРО-ДПМНЕ во независна Македонија водена од Љупчо Георгиевски, со Никола Груевски како министер за финансии. Не постојат записи од тој период за активностите на ова здружение, а отсуството на податоци на интернет од тоа време, како и огромниот број на недигитализирани архиви на институциите го отежнуваат пристапот до информации за начинот на којшто во деведесеттите се финасира невладиниот сектор, особено од јавни фондови.

Потоа, непосредно пред формирање на новата втора влада на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат водена од Никола Груевски, тие во 2006 прават повторен упис во Централниот регистер, а веќе во 2007 година претседателот на здружението Ташко Јованов го потпишува и првиот договор за донација од Владата во износ од 247,000 денари.

Споменик на Никола Русински

Во 2009 година од државниот буџет добива 220.000 денари, во 2010 на сметката се префрлени уште 312.500 денари, а во 2011 добива 312.500 денари.

Во 2012 година здружението го менува името и во него го додава и Крушоради и се преименува во Здружение за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин. Крушоради е родното село на таткото на Никола Груевски, Тало Груевски.

Споменик на Пере Тошев

Кон крајот на 2012 година Здружението на Ташко Јованов се јавува како донатор на пет споменици, кои ги донира на општина Центар. Одлуките се потврдени на Советите на Општина Центар и на Град Скопје.

Споменик на Лидија Македонска
Споменик на Михајло Апостолски

Леринското здружение со сиромашен буџет го донира споменикот на Михајло Апостолски на клучката кај Континентал, спомениците на Никола Русински и Пере Тошев кај Народна универзитетска библиотека. Споменикот на Света Лидија Македонска е поставен на западниот дел од Плоштад Пресвета Богородица. А, ова здружение се јавува и како донатор на споменикот на Андон Ќосето пред судската палата.

Сите овие споменици се поставени пред прославата на одбележувањето на 23 годишнината од независноста на Македонија, на 7. септември 2014 година.

Според финансиските извешти доставени до Централниот регистар во 2011 година здружението остварило вкупно приходи од 23.000 евра, а имало расходи од околу 20.000 евра. На банкарската сметка на здружението на почетокот на 2012 година останале околу 3.300 евра.

На крајот на 2012, на 21 декември со владина одлука од буџетот на РМ на здружението му се доделени средства во висина од 5.000 евра за „Културен идентитет на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија како фактор за јакнење на довербата и коегзистенцијата меѓу македонскиот и грчкиот народ и нивните држави Македонија и Грција“.

Со вкупен буџет од 8000 евра во 2012 година, контроверзното Здружение станува донатор на пет споменици од бронза. Вредноста на еден споменик од проектот Скопје 2014 се движи од најмалку 150.000 евра до 8 милиони евра колку што чини најскапиот споменик на Александар на плоштадот во центарот на Скопје.

Во 2013 и 2014 година продолжуваат донациите од Владата, па така Здружението добива по 300.000 денари во двете години.

Тогаш Владата решава на Здружението за духовно обединување да му додели и деловен простор и Ауди 4 на трајно користење без надомест.

Валентина Стевановска лиела и за Крушоради

Валентина Каранфилова – Стевановска е скулпторката која изработи најголем дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“, вклучувајќи го и споменикот на Александар Велики, за чија изработка зеде хонорар од 1 милион евра. Таа е и авторка на три од петте споменици донирани од Здружението. Во 2015 година Каранфилова – Стевановска во изјава за БИРН рече дека на Здружението не му ги наплатила услугите.

Taшко Јованов Андон Ќосето Влада ВМРО-ДПМНЕ донации Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради Никола Груевски споменици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.