Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донесен буџетот за Град Скопје за 2025 година

0
By Marija Todorovska on December 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 28 гласа „за“ и два „против“ Советот на Град Скопје на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година.

За Предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности.

Предложениот Буџет на Град Скопје  изнесува 140 милиони евра.

На седницата беше донесен и Планот на програми за развој за 2025 – 2027 година. Овој  план, како што образложи Јулијана Тасиќ од секторот за финансии на Градот, претставува среднорочен приказ на програмите кои што се наменети за развој на инвестиции за посочениот период.

Тоа е преглед на среднорочните проекции на одобрени средства во буџетот по одделни буџетски потпрограми и години , како што ќе се реализираат и изворите на нивното финансирање. Изработен е согласно насоките од Мининистерството за финансии  и согласно предлозите добиени од секторите и ги содржи сите капитални проекти кои се наменети за подобрување на инфраструктурата, изградба и реконструкција на патишта и инфраструктурни објекти и сите други капитални проекти каде инвестицијата опфаќа период подолг од една година. Предлог планот на програми за развој станува составен дел на буџетот на Град Скопје и сите измени што се предвидоа во буџетот ќе се рефлектираат во овој план, вели Тасиќ.

На седницата помина и Одлуката за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2025 година.

На дневниот ред за денешната седница на Советот има околу 40 точки. Меѓу последните на дневиот ред е и точката со која се бара цената по изминат километар на приватните превозници да се зголеми за 20 денари

буџет Град Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.