Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досега без кривичка одговорност за загрозување на животната средина

0
By Нова ТВ on February 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот инспекторат за животна средина досега не го применил Кривичниот закон за да поведе кривична постапка против некој субјект кој ја загрозил животната средина, спроведувани се само прекршочни постапки. Причини, за директорката на Инспекторатот, се можеби тоа што овие постапки се истражни, бараат вклучување на МВР, немањето правник во оваа институција, како и тоа дека инспекторите се технички лица.

-Имаме и кривична одговорност. Кривичната одговорност во ниту еден случај не е применета. Не сме го примениле досега Кривичниот закон, а причината за тоа е веројатно дека кривичните постапки бараат истражни постапки, каде треба да се вклучи МВР. Таа соработка досега не била официјализирана и искористена и се она што досега се водени како постапки, се водени во рамки на законите и прекршочната постапка. Значи не кривична, вели во интервју за МИА директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска.

Смета дека сигурна досега имало основ во некои од случаите да се покрене кривична постпака, меѓутоа, вели  едноставно тие можности не биле искористени досега. -Тие се долги и опсежни постапки. Државниот инспекторат за животна средина нема правник, и се уште немаме. Почнавме да користиме надворешен соработник за да можеме да ја земеме под контрола оваа постапка, оти и решенијата што ги издавме утре може да ни паднат ако правно не се издржани. Инспекторите се технички лица, а дури да се води кривична постпка, значи треба да имаме кривичар кој би можел да помогне на инспекторите да ги реализираат овие постапки. Заради недостаток на тој ресурс, правник, претпостаувам дека инспекторите воопшто не се осмелувале да навлезат во авантура да ги тераат кривичните процеси, истакнува Петровска.

За неа е најважно е фокусот да не биде на санкциите. -Најважно е инспекторите да бидат на терен и да ги следат загадувачите. Да превенираат хаварија, оти џабе се потрошени 1,5 милион евра за санација како кај Саса, кога тоа можело да се спречи. Значи да бил таму на терен доволно често инспектор или дозволата да ја предвидела оваа хавараија и да дала мерки ова воошто не би се случило, вели таа.

Додава дека вината не ја става толку многу во ненаплатување казни, кои се важни во делот да бидат поука за други или за иститот тој субјект да не го повторува делото. -Особено, посочува, казната е многу важна кога има намера, оти некаде имаме и намера. Намерно прекршување оти никој ништо никому не му може. Но вистинската улога на Инспекторатот, сега јас го гледам со нашето присуство на терен е да направат превенција и едукација. Ова можеби нема да звучи добро на граѓаните, оти сите сега сакаат да покажеме сила и да кажеме дека навистина сме тука, присутни, ќе казнуваме, нема да толерираме, вели директорката на ДИЖС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.