На истокот на Украина во тек се жестоки битки на украинските и про-руските сили “какви што досега немало ниту според силата, ниту според обемот”, изјавил украинскиот воени извори за Ројтерс. Според непотврдени информации и двете страни во битките вклучиле и тенкови.
Жестоки судири избија рано утрото во близина на градот Красни Лиман, кој е под контрола на украинските власти д почетокот на јуни, а проруските сили се обиделе да го пробијат кордонот на владините трупи.
Итар тас јавува дека клиничкиот центар во Одеса, еден од најголемите украински градови, полн е со ранети украински војници.