Гласач со презиме Јашари се појавил на избирачко место во ромското маало во Кочани со седум лични карти во себе и избирачкиот одбор му дозволил да гласа, информираат од невладината Цивил на прес конференцијата која се одржа во 18 часот попладнево.
Во селото Љубанци било дозволено и семејно гласање. Претходно во истото село на истото избирачко место избирачкиот одбор дозволил гласање на малолетници, по што една од опозициските партии го напуштила гласањето.