НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досие: Луково поле и Бошков мост

0
By Нова ТВ on January 27, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мега – енергетските проекти за изградба на хидроцентралите Бошков Мост и Луково поле – се проблематизираат. Изградбата на акумулациите османа и на страниците на угледниот “Шпигел“. Екологистите се мобилизираат, властите во Албанија велат дека нема да дозволат изградба по текот на реката Радика без нивна согласност, бизнисмените бараат веднаш да почнат градежните зафати а Владата уверува дека ќе бидат запазани сите меѓународни еколошки стандарди при изградбата. Проектите кои требаа да го означат почетокот на клучните инвестициски зафати во енергетиката – се проблематизираат на меѓународно ниво, се вели во анализата на portalb.mk
 
“За“ и “Против“ енергетските проекти – проблемот осамна на германски “Шпигел“
 
“Поголемиот дел од Балканските земји влегоа во криза. А таму, каде што нема пари, заштитата на животната средина често е на задното седиште“ – пишува авторот на текстот “Хидроенергетска битка: Браните се закана за последните европски диви реки“.
 
Откако домашните екологисти, со поддршка на странски колеги со писмо адресирано до премиерот Никола Груевски укажаа дека изградбата на акумулациите во Мавровскиот национален парк може да биде погубна за животната средина, проектот се прблематизираше и надвор од границите.
 
Германски “Шпигел“, пренесувајќи изјави од финансиерот на “Бошков мост“ – ЕБОР, оценува дека меѓународните инвеститори се чини дека тоа многу не ги интересира.
 
“Ниедна од сеопфатните студии и дополнителниот мониторинг што беше превземен не сугерираше дека проектот ќе влијае на националниот статус на паркот “Маврово““ – пишуваше во соопштението на ЕБОР. И од енергетската  компанија ЕЛЕМ , исто така, избраа смирувачки тон, истакнувајќи дека проектот нема да ја загрози разновидноста.“ – пишува “Шпигел“.
 
Но и пренесува порака дека последиците од изградбата можат да го загрозат сегашниот статус на Националниот парк.
 
“Меѓународен притисок се зголемува. Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN ) усвои Резолуција со која се бара проектот за браната во Маврово да се напушти. И минатата недела , неколку стотици европските истражувачи , меѓу кои и германскиот природни научник Ернст Улрих вон Веизсацкер, поранешен германски парламентарец и внук на поранешниот германски претседател Ричард вон Веизсацкер , апелираше директно на Светската банка и ЕБОР , во обид да се запре финансирањето на браната во  Маврово браната. “Ние сме изненадени дека вашите институции се согласија да ги поддржат проектите “ – напиша во отвореното писмо . Проектите ја поткопаа самата идеја на националните паркови  и значат  кршење на  правото на ЕУ ” – објавува “Шпигел“.
 
Светска Банка во јули ќе го каже конечниот збор дали финансиски ќе го подржи проектот “Луково поле“.

Екологистите од земјава објавија истражување според кое со парите планирани за изградба на “Бошков мост“ и “ Луково поле“ може целосно да се заменат два дотраени блока на термоелектраната “РЕК Битола“. Како втора алтернатива, екологистите сметаат дека треба да биде изградбата на хидроцентралите “Чебрен“ и “Галиште“.

“Финалната употреба на таа енергија што би ја произведувале “Бошков мост“ и “Луково поле“, за што би се уништил националниот парк “Маврово“ нема да ја имам јас како граѓанин, а дополнително, нема да ми го реши и проблемот со снабдување со енергија, она што ние имаме проблем. “ – оценува Александра Бујаровска од здружението “Фронт 21/42.

Од еколошко – во политичко прашање?

Она што според познавачите може сериозно да го проблематизира целиот енергетски проект е пораката што официјална Тирана и ја испрати на Скопје, со оглед на тоа што изградбата не е можна без согласност на Албанија.

Најпрво, министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, на неодамнешната средба со лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во Поградец, побара македонските власти да го земат предвид ставот на дебраните и при евентуалната реализацијата на проектот на „Луково Поле“, кои се децидни дека не го сакаат проектот.

Прашањето, кое веќе доби “меѓудржавна“ димензија беше отворено и на средбите на министрите за економија и за екологија, Ваљон Сарачини и Абдулаќим Адеми.
“Во врска со идејниот проект “Луково Поле“ нема да преземеме ниту еден чекор без да се консултираме со соседите, бидејќи така стои и во меѓународните конвенции. Проектот целосно ќе биде транспарентен“ – изјави министерот Адеми.

Според одредени информации, токму овие енергетски проекти, кои требаше да бидат еден од клучните инвестициски адути на власта во оваа 2014-та година – може да биде и увертира за проблеми во политичкиот брак на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Партијата на Али Ахмети порачува дека без согласност на граѓаните – проектите нема да се туркаат. Премиерот Никола Груевски недвосмислено неодамна порача дека изградбата конечно ќе почне.

“Одлуката за изградбата на “Луково поле“ ќе зависи од физибилити-студијата, но предност ќе имаат интересите на граѓаните од регионот“ – изјави Бујар Османи, портпаролот на владината коалициска партија ДУИ.

Во меѓувреме, во Тирана се создаде граѓанско движење наречено “Алијанса против пренасочување на Радика“ кое најави натамошна мобилизација за притисок врз албанските власти да го запрат проектот.

Инвестиции од 170 милиони евра – кои се аргументите на Владата?

Неодамна премерот Никола Груевски објави дека проектот за Бошков Мост ќе стартува годинава. Во пакет со Луково Поле, Владата тврди дека тоа ќе бидат проекти со стратешко значање за економијата. 

Според планот, во проектот „Луково поле“ ќе се инвестираат финансиски средства во висина од вкупно 62 милиони евра, од кои  50 до 55 милиони евра, пари во форма на кредит обезбеден од Светска Банка и останатиот дел од Електрани на Македонија. Акумулацијата ќе обезбеди собирање вода од корапското сливно подрачје за производство на дополнителни 125 гигават – часови електрична енергија од мавровските хидроелектрани. Изградбата требаше да почне уште во 2012-та година. 

Инвестицијата за изградбата на “Бошков Мост“ се проценува на 107 милиони евра, финансиска конструкција од 65 милиони евра е обезбедена преку Европската Банка за обнова и развој и другиот дел од 42 милиони евра,  од средствата ќе ги покрие ЕЛЕМ.  И оваа акумулација, планирана да се гради во националниот парк “Маврово“, годишно треба да произведува 126 гигават – часови електрична енергија. ХЕ Бошков мост ќе биде  лоцирана во близината на Дебар, каде ќе бидат зафатени водите од Мала Река и нејзините притоки. Предвидена е изградба на насипана брана со висина од 33 метри и акумулација од 900 илјади метри кубни. Нејзината инсталираната моќност ќе изнесува 68,2 мегавати со просечно годишно производство на електрична енергија од 117,54 гигават часови. Изградбата и на овој капацитет беше планирана за во 2012-та година. 

Надлежните негираат дека проектите ќе бидат закана за животната средина.
 
„Би сакал да упатам порака до луѓето што живеат во овој крај да бидат мирни  дека оваа Влада не работи каков било проект што може да наштети на граѓаните и на животната средина и никогаш  не работела така досега. И да знаат дека ние стоиме зад нив, а не оние шпекуланти коишто гледаат од овој  проект да извлечат некаква  политичка корист  и ги подбуцнуваат да веруваат дека со овој проект ќе се направи некаква штета“, изјави премерот Груевски.

Во меѓувреме, Светската Банка треба да ја финишира Студијата за оценка на влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти од страна на Владата. Преку ревизија на процедурата со која е одобрен заемот од ЕБОР за “Бошков мост“ неодамна беше утврдено дека се прекршени дел од правилата. Наодите од овој извештај треба да бидат готови наскоро, а од нив може да зависи и натамошната финансиска судбина на проектот.

Извор: portalb.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.