Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досие Златна Зора: им се гледа ли крајот на грчките фашисти

0
By Светлана Јовановска on September 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Доколку Златна зора влезе во парламентот како што покажуваат анкетите, ќе спроведеме рации во болниците и градинките и ќе ги исфрлиме имигрантите и нивните деца на улица за да можат Грците да си го заземат своето место – оваа реторика беше заштитен знак на предизборната кампања на неофашистичката „Златна Зора“ во Грција, а заканите кон имигрантите и нивните деца на митинг го изрече портпаролот Илиас Панајотарос.

Продолжението на опасната фашистичка реторика стана уште поинтензивно по објавувањето на изборните резултати.

„Дојде време предавниците на татковината да се плашат, порача лидерот на грчката неонацистичка партија Златна зора, гласно извикуваше лидерот Никос Михалолиакос вечерта на 6 Мај минатата година додека во хотел во Атина се славеше влезот на неонаицистичката партија во грчкиот парламент.

Стартот го обележаа инциденти. Странските новинари беа исфрлени од салата во која „Златна Зора“ ја одржа првата победничка прес конференција, додека останатите новинари во салата насила беа терани да стојат и да го поздрават нивниот лидер. А неговиот ултрафашистички говор предизвика уште подлабоки стравови за тоа како овие луѓе со проблематично минато ќе се однесуваат допрва, „зајакнати“ со идејата дека сега имаат и власт и глас во парламентот.

Неофашистичката партија на последните парламентарни избори во јуни 2012 година освои 18 пратеници од вкупно 300 мандати со што за прв пат во историјата неофашистите влегоа во парламентот. Светската јавност, но и демократската грчка јавност остана шокирана од фактот дека во 21 век партијата чиј џокер на изборите беа ветувањата за „чиста“ Грција и пресметка со имигрантите можеше воопшто да добие поддржувачи.

Следеа уште многу фашистички говори, јавни физички напади врз неистомисленици среде ТВ емисии, малтретирање на македонските државјани на грчко-македонската граница, физички напади од страна на нивните активисти врз многу припадници на имигрантите и левицата…Но, состојбата ексалираше кога се случи убиството од омраза пред неколку недели – активист на Златна Зора ладнокрвно го уби со нож музичарот и пејач Павлос Фисас во грчката престолнина. Партијата дури и се огласи преку соопштение дека „тој бил познат по неговите левичарски ставови“ имплицирајќи дека пејачот си ја заслужил смртта како познат левичар.

*фотографија од убиениот пејач кој умира во рацете на својата девојка

Грчката полиција во широка акција против Златна зора

Но, се чини дека на Златна Зора и следи период во кој нема да и „осамне“. Тринаесетмината уапсени од Златна зора се осомничени за перење пари, напади со намера да повредат, убиство и уцена. Апсењата ќе продолжат бидејќи Врховниот суд издаде 30 потерници. Владата вели дека демократијата има средства да се брани.

Грчките медиуми јавуваат дека, освен лидерот на екстремно десната Златна зора Никос Михалолиакис, во саботата беа уапсени уште 13 парламентарци и членови од партијата.
Помеѓу нив се Илијас Казидиарис, Илијас Панагиотарос и Јоанис Лагос. Полицијата бара уште двајца членови на партијата Христос Папас и Никос Михос.
Уапсените се осомничени за перење пари, напади со намера да повредат, убиство и уцена. Дел од истрагата се однесува и на малтретирањето на македонските државјани на грко-македонската граница летово кога активисти на Златна Зора вршеа нелегални контроли и лепеа етикети на автомобилите.

Апсењата ќе продолжат бидејќи Врховниот суд издаде 30 потерници, велат полициски извори.

“Демократијата има средства да се брани”, изјави на Скај ТВ портпраролот на владата.
На сајтот на партијата Златна зора во саботата осамна повик за протест кој беше пренесен и на Твитер, а стотина симпатизери на партијата се собраа пред полицијата каде што беа притворени осомничените.

Од убиството на 34 годишниот Павлос Фисас на 18 септември, полицијата започна широка акција против оваа партија за која се сомневаат дека напаѓала мигранти и приврзаници на левицата. Припадникот на Златна зора кој стои зад убиството на Фисас ја призна вината.

Првата акција на полицијата се случи во понеделникот со суспензијата и отпуштањето на повеќе високи функционери на грчката полиција. Истрагата се обидува да утврди кои се врските помеѓу припадници на полицијата и членовите на неонацистичката партија.

Од смртта Фисас и грчките медиуми се свртеа против Златна зора откривајќи факти за паравоениот начнаин на функционирање на партијата и нејзините врски со бизнисмени и припадници на војската. Истрагата сослуша повеќе десетици новинари, синдикалисти и поранешни припадници на партијата како сведоци.

Од октомври 2011 година се регистрирани над 300 напади против странци кои живеат во Грција кои се бележани од страна на организациите за одбрана на човековите права.
Илјадници Грци манифестираат минатата среда во целата земја против фашизмот.
Атина се спрема на 1 јануари да го преземе председателството на Европската унија, а владата ги продолжува преговорите со ММФ надевајќи се дека ќе деблокира помош од една милијарда евра.

За агенцијата АФП аналитичарот Илиас Николакопулос изјави дека “овие аспења се начин да се сопре деградацијата на имиџот на Грција во светот”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.