Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драматична седница на СБ на ОН во врска со соборувањето на малезискиот авион

0
By Нова ТВ on July 23, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На седницата на Совето за безбедност на ООН свикана во врска со трагедијата која се случи со соборувањето на малезискиот авион се слушнаа несекојдневни изливи на емоции.
Посебен впечаток остави холандскиот шеф на дипломатијата Франс Тимерманс кој го пренесе траорот на неговата нациија која изгуби 200 свои сонародници.

Тука сме да разговараме за трагедија: соборувањето на комерцијален авион и смртта на 298 невини луѓе. Мажи, жени и зачудувачки број на деца ги загубија своите животи, на својот пат до нивните дестинации, нивните домови, сакани, своите работни места или меѓународните обврски. Од четвртокот размислувам колку ужасни им биле последните моменти од својот живот , кога тие знаеле дека авионот паѓа долу. Дали тие се држеле за раце со своите најблиски, дали тие ги стискале своите деца до нивните срца, дали тие се погледнувале едни со други во очите, за да немо се збогуваат за последен пат? Ние никогаш нема да знаеме.

Смртта на речиси 200 од моите сонародници остави празнина во срцето на холандската нација, предизвика тага, гнев и очај. Тага за загубата на своите најблиски, лутина и бес за соборувањето на цивилен авион и очај поради бавниот процесот на обезбедување на местото на несреќата и собирање на остатоците на жртвите, изјави на седницата на Советот за безбедност министерот Тимерманс.

Министерката за надворешни работи на Австралија поднесе предлог резолуција со која се бара меѓународна истрага за траедијата.

Сите тие беа невини луѓе во комерцијален авион. Нивното летало беше соборено над територија контролирана од сепаратисти во источна Украина. Тоа е апсолутно шокантно“, oцени Џулија Бишоп, министерка за надворешни работи на Австралија

Саманта Пауер пак во врска со обвинувањата на Москва дека за трагедијата е одговорна Украина на седницата на Советот за безбедност изјави: Ако Русија навистина веруваше дека Украина е инволвирана во соборувањето на авионот, секако претседателот Путин ќе им кажеше на сепаратистите, повеќето нивни лидери се од Русија, да ги чуваат доказите по секоја цена и херметички да го затворат местото.“

Нецелосната соработка на проруските сепаратисти со меѓународните истражители и наводите дека бунтовниците ги преместувале доказите по соборувањето на малезискиот авион, за претседателот Барак Обама води само кон едно прашање: „Што тие всушност сакаат да сокријат?“.

Освен податоците во црните кутии, драгоцени информации можат да понудат и хемиските остатоци на авионот за утврдување на точниот тип на оружје со кој било соборено леталото на Малезија Ерлајнс.

Локацијата каде што паднал, според експертите, може да даде информации за тоа како се одвивал целиот напад.
Меѓународните посматрачи веќе посочија дека некои докази биле прикриени. Наводно тие виделе дека голем дел од авионот бил одвоен од трупот и преместен.

Набљудувачите на ОБСЕ во Украина соопштија дека вчера биле пренесени повеќе од 200 тела од територијата под контрола на бунтовниците во Харков, во делот кој е под контрола на украинската влада. Тимот на Интерпол во Харков почна со идентификација на дел од телата. Набљудувачите на ОБСЕ соопштија дека сè уште има човечки останки на местото на падот на авионот. Британски истражители на воздухопловни несреќи ќе ги прегледуваат црните кутии од авионот што беа предадени од проруските бунтовници. Украински и западни претставници велат дека се зголемуваат доказите дека малезискиот авион на 17 јули бил соборен од проруските сепаратисти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.