Набрзо по полетувањето од белградскиот аеродром на летот ЈУ 652Д на „Ер Србија“ за Москва, била пријавена бомба, дознава РТС.
Според безбедносната процедура, авионот бил вратен во Белград веднаш по добивањето на информацијата за бомбата, јави РТС.
Српските медиуми јавуваат дека попладнево авионот и натаму бил на пистата, а припадниците на Специјалната антитерористичка единица на српското МВР безбедно ги евакуирале сите патници и членови на екипажот.
По полетувањето кон Москва, Аеродромот „Никола Тесла“ ја известил полицијата дека по мејл им пристигнала дојава за поставена експлозивна направа во авионот. Според процедурите за безбедност на воздушниот сообраќај, наложено е враќање на авионот во Белград.