Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата да ги олесни процедурите за луѓето без лична документација

0
By Менче Атанасова Точи on January 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државата повторно да го разгледа прашањето за статусот на луѓето кои се без лична документација и да се заложи за надминување на бариерите (административни, процедурални, финансиски) имајќи ја во предвид неукоста, недоволната информираност и економската немоќ на оваа група на лица, бараат невладините организации Амбрела и Национален ромски центар.

Од таму потенцираат дека проблемите со кои се соочуваат Ромите при пристап до фундаменталните права се многу, а без лична документација не е можна интеграција на Ромите, не е можно надминување на маргинализацијата и не е можно нивно зголемено учество во процесот на застапување за ефективни јавни политики и учество во процесите на носење на одлуки на локално и национално ниво.

„Бариерите поврзани со правниот статус на лицата без лична документација се уште поголеми за нивните потомци кои исто така не постојат и не можат да превземаат никакви правни дејствија и не можат ефективно да уживаат права. Ова значи дека проблемот е продлабочен и генерациски и тешко можат самите лица да ги надминат сите предизвици со кои се соочени при пристапот до лична документација, а кои се од финансиски, административен, семеен или некој друг аспект“, велат во овие невладини организации.

Во 2011 година, Министерството за труд и социјала заедно со МВР и Управата за водење на матичните книги на евиденција започна со спроведување на акција за идентификација на лицата кои што не се евидентирани во матичните книги.

Во рамки на проектот досега се регистрирани околу 550 луѓе без лични документи. Од нив најзагрозените Роми сè уште имаат проблеми со пристапот до социјални бенефиции поради нивниот недостаток на административна документација, велат во Амбрела и НРЦ.

Податоците на Народниот Правобранител февруари 2015 година покажуваат дека најголемиот број од децата на улица се припадници на ромската етничка заедница, а помал број се припадници на македонска и турска заедница.

Евидентирани се вкупно 233 деца на улица, од нив 113 се ромски деца. Има деца кои не се вклучени во образование, заради немање извод од матична книга на родени или пак надмината е возраста за вклучување во редовно образование.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.