Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата ја укина паричната помош на најзагрозените што добиле пари од роднини

0
By Менче Атанасова Точи on February 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На охриѓанец кој е во инвалидска количка деновиве му стигнало Решение дека му се укинува постојаната парична помош бидејќи преку брз трансфер на пари од јуни до декември минатата му била префрлена одредена сума на парични средства кои му стигнале од странство.

Поради оваа незаконска исплата, како што пишува во Решението човекот ќе треба да ги врати сите пари од постојаната парична помош која ја примил од јуни минатата година до сега или вкупно 51 478 денари. Станува збор за човек кој со 7000 денари месечно постојана парична помош издржува петчлено семејство, а сите три деца студираат.

„ Во јуни минатата година преку брз трансфер примив пари од физичко лице, пријател од кого побарав да ми помогне бидејќи ми требаше финансиска помош за куќата што ја градевме во тој период. Морав на некого да му се обратам, а кој ќе помогне во таква ситуација, ако не пријател. Сега ми стигна Решение дека ми се укинува паричната помош, а на државата треба да и вратам околу 700 евра “, објаснува овој човек за НОВА и замоли да остане анонимен, заради можни реперкусии.

Тој денеска поднесе жалба иако таа не го одложува извршувањето на Решението. Според информации на НОВА, во Куманово девојка со телесен инвалидитет го изгубила правото на парична помош бидејќи нејзиниот татко и подарил нива за да и се најде во црни денови. Девојката нема други приходи, не работи и не може да се движи поради болеста.

Министерството за труд и социјала започна да им ја укинува парична помош на лица со инвалидитет и на социјални случаи, кои примиле парични средства(над 50 000 денари) преку брз трансфер на пари и тоа согласно со измените во Правилникот за утврдување на приходите на лица кои примаат постојана парична помош кој стапи на сила од јануари годинава.

Нема информација од Министерството на колку луѓе од јануари до сега им е укината паричната помош. Неофицијално само во Охрид помошта им е укината на околу 40 луѓе со инвалидитет, социјални случаи, дел од нив самохрани мајки.

Во Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“ тврдат дека немаат информација за вкупен број на луѓе кои кои го изгубиле ова право, но велат дека неколкумина веќе се обратиле за помош во сојузот.

„Имаме неколку поединечни случаи кои се јавија кај нас, меѓу нив една девојка од Крива Паланка на која и е укината паричната помош“, изјави за НОВА Бранимир Јовановски претседател на „Мобилност- Македонија“.

Од неколку здруженија со кои контактираше НОВА, порачуваат Владата да ги тргне рацете од лицата со телесен хендикеп бидејќи тоа им се единствените средства за егзистенција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.