Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државната реорганизација според ЕУ стандарди е стратешка цел во 2021

0
By Нова ТВ on December 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Реформата на јавната администрација е стратешка цел на Владата, а е и наша обврска и кон Европската Унија, но пред сѐ кон нашите граѓани. Планот е до крај на март 2021 година, во координација на сите министерства да се усогласат сите предлози и забелешки на предлог измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за да може до јули да се усвои Законот во Собрание, истакна премиерот Зоран Заев на денешната осма седница на Советот за реформа на јавната администрација (Совет за РЈА).
На седницата, членовите на Советот и присутните министри дадоа свој осврт по разгледување на материјалите и предлозите кои произлегуваат од проектот „Поддршка на државната реорганизација“, финансиран од Европската Унија.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири истакна дека овој проект има за цел ефикасна, ефективна, професионална администрација, и затоа неопходна е вклученост на сите министерства.
Вицепремиерот  за европски прашања Никола Димитров, се осврна на важноста од изработка на политика за задржување на професионалните кадри во јавната администрација, особено за кадрите кои работат на ИПА проектите, како и за ИКТ кадрите, во контекст на пристапните преговори со ЕУ.
Министерот за правда Бојан Маричиќ, побара во структурата за преговори со Европската Унија да се земе предвид и проектот за спроведување на реорганизацијата.
Заклучокот од осмата седница на Советот на РЈА, беше дека следува обемна работа за сите засегнати страни за која премиерот ги задолжи министерствата, агенциите и инспекциските служби да ја продолжат воспоставената комуникација и да овозможат отворена и засилена соработка со ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација“, во функција на навремено развивање на предлог за реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво, најдоцна до крајот на март 2021 година и негово преточување во предлог Закон за организација на органите на државната управа најдоцна до крајот на јуни 2021 година, соопшти владината прес-служба.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.