Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 „Државни“ долгови од 300 милиони евра

0
By Нова ТВ on October 14, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во милиони евра се бројат долговите на болници, јавни претпријатија, општини, агенции, клиники, акционерки друштва под контрола на државата, министерства. “Порталб“ објавува детали од новиот Извештај за пријавени обврски од страна на субјектите  под државна капа) – на пресекот од оваа година вкупниот пријавен доспеан а неплатен долг на се што значи „државно“ изнесува 304 000 000 евра. Во две продолженија на “Анализа“ ќе ги објавиме деталите за долговите и структурата на обврските, кој, колку и по кој основ должи.

Образование, здравство, државни фирми – кој колку должи

Само една фирма под „државна капа“ има удел од цели 24% во вкупниот доспеан а неплатен долг што го пријавил државниот сектор на крајот од јуни, односно во вториот квартал од годинава. Имено, од вкупно 1 170 пријавени агенции, болници, општини, регулаторни тела, агенции, судови, акционерски друштва, на прво место според износот на доспеаните а неплатени обврски котира АД Македонски железници – Транспорт со износ од 73,2 милиони евра.

Во првата „десетка“ според долговите се наоѓаат три општини, јавни и комунални претпријатија, националниот радидифузен сервис МРТ. Така, по МЖ Транпорт, според вистината на доспеаните а неплатени обврски на второ место е АД „Македонски енергетски ресурси – МЕР “ со износ од 17,9 милиони евра, следуваат ЈП Проаква – Охрид со долг од 13,3 милиони евра, ЈП МЖ – Инфраструктура“  со износ од 8,8 милиони евра,  на високото петто место котира општина Охрид со долг од 7,9 милиони евра, потоа е Ј.П Водовод Куманово со Ц.О Куманово со пријавен доспеан а неподмирен долг од 7,2 милиони евра, ЈП МРТ должи скоро 7 милиони евра, општина Тетово е на осмо место со обврски од 6,2 милиони евра, на деветто место е Институт за трансфузиона медицина со пријавени, доспеани а неподмирени обврски од 4,5 милиони евра а на десетто место е општина Карпош со износ од 4,4 милиони евра.

Во однос на долговите во прикажани во првиот квартал забележително е намалување, па дури и преполовување на износите што ги должат општините, така на пример општина Струга до крајот на март должела 4,9 милиони евра а во јуни долгот е намален 3,2 милиони евра, но овој пад кај општините е резултат пред се на државната финансиска инјекција со која централната власт им помогна на локланите татковци да го намалат салдото на општинските долгови. Преполовување на доспеаните обврски е забележително и кај најзадолжената општина Охрид, како и кај другите кои добија дел од државниот финансиски колач за санација на долговите.

На „должничката“ листа се голем број на здравствени установи, на пример  ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство пријавила обврски во износ од три милиони евра, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија се појавува во два наврати со вкупни обврски од 4,4 милиони евра, Општа Болница-Куманово должи 2 милиони евра а Општа Болница Охрид скоро 2 милиони евра, Институт по белодробни заболувања кај децата-Козле пријавил доспеани обврски во износ од 1,7 милиони евра, а на листата се речиси сите клиники  во Скопје, за нефрологија, за детска хирургија, за дигестивна хирургија, пулмологија, клиниката за урологија,  државна кардиохирургија, Институтот за јавно здравје, клиничките болници во Штип и Битола, струшкиот Завод за нефрологија, Општа Болница – Прилеп и Општа Болница – Струмица , Стоматолошкиот клинички центар – Скопје,   Центарот за Јавно здравје – Битола.

Во доспеани, а неподмирени обврски „плива“ и образованието и културата. На листата се голем број на основни и на средни училишта, а самото Министерството за образование има доспеан а неподмирен долг во износ од 780 000 евра. Долгови пријавиле и Македонска опера и балет со 722 000 евра, а на листата се и средното стручно училиште „Моша Пијаде“ – Тетово, ОУ „Крсте Петков Мисирков” Бистрица,Битола , ОУ„Тефејуз” Чаир, Скопје, ОУ „Гоце Делчев” Битола,  ССОУ „Коле Неделковски” Велес, ООУ „Лирија”-Чаир, Скопје,  како и други основни и средни училишта од различни општини и градови како Прилеп, Василево, Кисела Вода, Струга,  Велес, Куманово, Свети Николе, Карпош итн.

Рангирано по сектори, според висината на доспеаните а неподмирени обрски, најнисоко  се рангирани јавните претпријатија, зад нив се локалните претпријатија формирани од општините а на трето место се Јавните здравствени установи.

Пријавени, неподмирени обврски ( крај на јуни 2019 )

Јавни претрпријатија                                                114,3 милиони евра          

Локални претпријатија основани од општини          55,2 милиони евра

Јавни здравствени установи                                     50,8 милиони евра

Општини                                                                      50,0 милиони евра

Буџетски корисници ( вкупно сите)                           22,5 милиони евра

Локални установи ( фин.со блок дотации)               10,5 милиони евра

Плански региони                                                         126 000 евра

Регулаторни тела                                                         27 000 евра

Останати субјекти                                                   570 000 евра

Компаративната анализа на објавените извештаи покажува дека во вториот квартал од годинава во однос на првиот кавртал, намалување на долгот има кај општините и кај буџетските корисници, но доспеаните а неподмирени обврски се зголемени кај јавните претпријатија, јавните здравствени установи, локалните претпријатија формирани од општините.

Долгови имаат и министерствата, театрите, футбалските клубови, високо образовните институции. Колку изнесуваат  нивните доспеани а неплатени обврски,  по кој основ најмногу се должи ќе биде предмет на следната Анализа на Порталб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.