Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот врв го честита Курбан Бајрам

0
By Ivana on July 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Македонија.
– Најискрено посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост, љубов и среќа. И годинава Курбан бајрам, во согласност со традицијата, нека биде во духот на помагањето и дарувањето, споделувањето и грижата. Да бидеме отворени и солидарни кон сите на кои им се потребни помош и поддршка не само за празничните денови туку во текот на целата година. Верувам дека Исламската верска заедница и сите нејзини верници, и понатаму посветено ќе придонесуваат за заедничката борба со сите предизвици коишто стојат на патот на просперитет на Република Северна Македонија, се вели во честитката на претседателот Стево Пендаровски.
Честитка до граѓаните, припадници на исламската вероисповед, по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам упати и Претседателот на Собранието Талат Џафери.
– Животот е чудо само по себе, меѓутоа, знае и да погоди силно. Ете, токму тогаш излегува на површина големината и силата на обединувањето и заедничкото делување на луѓето, каде и да се наоѓаат. Сведоци сме на ненадоместливите загуби од КОВИД-19 во последниве две години, меѓутоа и на бројните природни несреќи, несреќи кои предизвикуваат човечки и материјални загуби. Нека биде празникот на Курбан Бајрам, со сета симболика што ја носи во себе, само уште еден потсетник за сите нас, да го цениме животот, да се цениме и почитуваме меѓусебно, во секој миг, секој ден и на секое место. Да подадеме рака на поддршка и кон блиските, и кон далечните, и кон соседот и фамилијата, кон непознатиот и непознатиот, без разлики. Пред сѐ и над сѐ, ние сме луѓе кои имаат исти потреби и желби, исти права и обврски. Честит Курбан Бајрам!, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието Џафери.
Денеска честитки упатија и премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Величественоста на празникот Курбан Бајрам нè потсетува на суштината на човечкото постоење, на најскапоценото нешто за сите нас, на грижата за здравјето и зачувувањето на животот и грижата за најблиските. Нека биде празникот и поттик, во периодот што следи масовно да се вакцинираме како најефикасно средство во борбата против пандемијата со КОВИД -19 и така заедно да успееме најбрзо и најбезболно да се заштитиме и да ги пребродиме нејзините последици. Празникот на жртвувањето ни посочува вредности кои се универзални, ни испраќа благородни пораки што повикуваат на почитување и негување на нашето општество еднакво за сите, на општество во кое културните, етничките и верските различности се богатство и непроценлива уникатна вредност, се вели во честитката на премиерот Заев.
Курбан Бајрам празник честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.