НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Држете го… истражителот!

29
By Нова ТВ on November 1, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југоисточна Европа

Кога тие што се надлежни да го гонат криминалот го заземаат местото на крадецот кој за да се заштити себеси вика по друго лице (кое вообичаено е токму жртвата на кражбата) на цел глас “Држете го крадецот”, тогаш станува сосема јасно во која мизерија живееме.

Единствена разлика е само фактот што наместо да викаат “Држете го крадецот” помопозно се ангажираат цврсто да го држат истражителот на СЈО кој си ја вршеше својата должност и по наредба на Специјалната обвинителка, по тоа што успеавме да разбереме од медиумите и соопштенијата на институциите, сликал објект во кој наводно живее поранешниот шеф на УБК, при што истражителот, освен ќотек, заработил и предмет во Основното јавно обвинителство (ОЈО) за неовластено снимање бидејќи немал судска наредба за определување на Посебни истражни мерки (ПИМ).

Невозможно е да не се забележи “ефикасноста” на ОЈО за заштита на интересите на членовите на фамилијата, поранешни високи функционери, чии интереси лојално ги штити и кога според Кривичниот законик не е повикано истото да го прави бидејќи делото за кое сака да го товари истражителот на СЈО, всушност се гони по приватна тужба. Уште поинтересно е како истото ОЈО не смета дека треба да реагира кога јавноста дознава за индиции за многу тешки дела кои се гонат по службена должност. Исто така е индикативно кога заради таквата пасивност на ОЈО, и на другите редовни обвинителства во оваа држава доаѓа до формирање на СЈО, а пак работата на последнава институција отворено се саботира токму од нивните колеги обвинители од редовните обвинителства.

Но да се вратиме кај случајот со истражителот на СЈО. Според тоа што се известуваше во медиумите, истражителот на СЈО заедно со приватен детектив биле легитимирани од страна на ОЈО при фотографирање на одредена куќа, при што истата била фотографирана од улица. Од нив се побарало да покажат судска наредба за ПИ мерки, и потоа биле приведени во полициска станица а подоцна во ОЈО против истражителот е активиран предмет за неовластено снимање. Има три работи кои треба да се разјаснат тука од кривично-правен аспект:

 

  1. Природата на ПИ мерките. Посебните истражни мерки кои во Законот за кривична постапка се регулираат со членовите 252 до 271 во суштина претставуваат образложено ограничување или условно кажано прекршување на одредени човекови права кои пред се се поврзуваат со правото на приватност, кога тоа е неопходен и единствен начин да се докажува одредено кривично дело кое не може на друг начин да биде докажано. Правото на приватност на човекот се прекршува кога лицето се снима или се слика, или пак неговиот дом, во внатрешноста се снима или се слика без согласноста или знаењето на лицето. ПИ мерките кои ОЈО сака да укаже дека требало да бидат наложени во овој случај се опфатени во членот 252 став 1 од ЗКП кои опфаќаат под точка 2) следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории заради создавање на услови за следење на комуникации и под точка 3) тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен. Значи, овие две мерки се однесуваат на следење и снимање внатре во домот или во приватниот простор или пак тајно следење и снимање на лице или предмет надвор од домот. Се укажува на внатрешноста на домот како заштитена приватност или пак тајно следење на лице или негов предмет надвор од домот, што значи дека нагласувањето е во личноста која би се следело или неговите лични предмети кои тој ги има со себе надвор од домот. За ова треба судска наредба за ПИ мерка. Надворешното сликање на куќата како објект не е забрането се додека во таа надворешна просторија нема знак кој забранува фотографирање. Надворешниот дел на куќата, фасадата, оградата, и другите делови кои се гледаат од јавна просторија како што е улицата, не уживаат правна заштита па за нивно фотографирање или снимање не е потребна судска наредба за ПИ мерка. Секој може да се слика пред одредена куќа или пак да слика одредена куќа од надвор и од далечина и тоа не е кривично дело. Секој може да слика куќа која е убава и интересна или пак за која знае дека му припаѓа на одредено јавно лице се додека со јасен знак тоа не се забранува. Кога оваа право го има секој граѓанин, истото право уште повеќе го има истражител на кој обвинителот во согласност со неговите надлежности од членот 39 став 2 точка 1, му насочува дејствија како надлежен орган за откривање и пријавување на кривичните дела и на нивните сторители. Тоа во правото се вика argumentum a fortiori , значи кога такво право има обичен граѓанин, таквото право е уште посилно за надлежен орган кој треба да открие и пријави кривични дела.
  2. Казненото дело Неовластено снимање. Друга работа која треба да биде јасна е дека доколку истражителот нема наредба за ПИ мерка тоа не претставува автоматски кривично дело, бидејќи кривичните дела не се одредуваат со ЗКП туку со Кривичниот законик, во кој најблиското дело со оваа ситуација е делото одредено под член 152: Неовластено снимање. Според овој член, се казнува фотографирањето, филмското или видео снимањето на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, и со повреда на неговата приватност. Сликањето или снимањето на самото лице без негова согласност е казниво, како што е казниво и сликањето и снимањето на внатрешноста на неговата куќа како лична просторија во која тој ужива право на приватност. Меѓутоа, сликањето и снимањето на надворешниот дел од куќата без таму да постои знак кој забранува сликање или снимање не претставува нарушување на правото на приватност, бидејќи на тој начин таквото право би се нарушило од секој граѓанин кој решил да слика токму во таа просторија или пак на пример, од страна на разни системи на сателитско сликање и снимање при креирање на електронски мапи и карти. Незамисливо и апсурдно е да се бара зачувување на приватноста на фасадата на куќата, кога истата намерно се прави убава за да се види како таква од јавноста. Тоа што се чува како приватност е внатрешноста на куќата. Затоа, сликањето на надворешноста на куќата од далечина не спаѓа во законското битие на делото Неовластено снимање, кое притоа се гони по приватна тужба, така, воопшто не е јасно како ОЈО покренало постапка за дело за кое не е овластен тужител бидејќи истото не се гони според службена должност!
  3. In dubio pro libertatem. Во правото постои многу важен принцип според кој кога органите на прогонот не се сигурни дали дејствието кое треба да се гони претставува или не кривично дело, тогаш треба да одлучат за ослободување на лицето кое го гонат. Кривичното гонење се презема за точно определени кривични дела во кривичниот законик, и притоа не е дозволено да постои никаква дилема дека таквото дело е казниво како кривично дело. Законот треба да биде јасен. Ако законот не е до крај јасен, тогаш истиот се интерпретира, а интерпретацијата во казненото право е рестриктивна а не екстензивна. Тоа значи дека ако одредено дејствие не е јасно определено како кривично дело, не може по аналогија истото да се смета за такво, бидејќи кривичниот законик не се интерпретира екстензивно и не опфаќа работи кои не се точно определени со закон како кривични дела. Тоа е значењето на рестриктивното кривично-правно толкување. А како што се објасни во првите две точки, повеќе од јасно е дека дејствието за кое истражителот бил приведен, ни од далеку не претставува казниво дело, и не може да се интерпретира како такво.

И затоа е чудно како ОЈО интензивно инсистира на гонење на истражител на СЈО за непостоечко кривично дело кое според сите стандарди на кривичното право, вклучувајќи ја и надлежноста на ОЈО да гони во овој случај, е надвор од казнено-правниот прогон, а од друга страна, пропушта да гони службено лице во УБК за неизвршување на правосилна судска одлука (судската наредба е судска одлука) кое дело се гони по службена должност.

Добро би било ОЈО наместо да ја штити приватноста на одредени фасади, да ја провери малку одговорноста на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика за управување на возило под дејство на алкохол и со тоа загрозување на безбедноста на сообраќајот кое претставува кривично дело според членот 297 на Кривичниот законик и се гони по службена должност. Добро би било и да го разгледа суштински и да реагира по извештајот на ревизорот за потрошените пари во Министерството за образование и во другите министерства. Многу е чудно како ОЈО не реагираше соодветно за неовластеното снимање и прислушување на 20.000 граѓани, со години, без судска наредба за ПИ мерки, и надвор од секаков стандард на кривичното право, кривичната постапка и меѓународната заштита на човековите права. Поранешниот директор на УБК е меѓу осомничените токму на таквото прислушување и неовластено снимање, а ОЈО му дава предност на заштитата на фасадата на куќата во која тој живее за сметка на правото на приватност на 20.000 граѓани. И на крај, најчудно е кога ОЈО наместо да ги гони гореспоменатите дела, според информации објавени во медиумите одлучува да упаѓа во канцелариите на Градежниот инспекторат и на скандалозен начин да одзема документи поврзани со наводно нелегално граден дел од објект на претседателот на Кривичниот суд Скопје 1. Можеби ОЈО утврдило прекршување на кривичниот законик и постоење кривично дело кое има намера да го гони. Или пак можеби и во овој случај има намера лојално да ги заштити приватноста и интересите на друг заштитник на интересите на фамилијата.

 

Чудна е таа терезија според која работи ОЈО!

Диме Спасов истражител СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.