Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ бара од Филипче трајно одземање на дозволата за работа на Санте

1
By Менче Атанасова Точи on August 14, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот санитарен и здравствен инспекторат побарал од Министерството за здравство да се одземе дозволата за работа на болницата Санте Плус, потврдија за НОВА во ДСЗИ. Во известувањето испратено до министерот Филипче, а што НОВА го доби  врз основа на барање за слободен пристап на документи од јавен карактер,  пишува дека причина за ова се констатираните неправилности при лекувањето на пациентката Мирсада Џуџевиќ Ќерими.

Вонредниот инспекциски надзор покажал дека болницата не водела никаква евиденција за лекувањето на пациентката, нејзиниот третман и операција не се воопшто заведени во книгите, а во болницата тврдат дека не ја познаваат и дека таа воопшто не се лекувала кај нив.

Сето ова,  наспроти обемната документација која ја доставила пациентката Мирсада,  а е со потпис и печат од болницата Санте Плус во Скопје(за која во Санте Плус тврдат дека е превод од Санте Плус во Турција), како и и документ од МВР дека не ја напуштала државата додека траело лекувањето во Санте Плус во Скопје.

ДСЗИ констатира дека Санте Плус немаат дозвола за работа за вршење на хируршка дејност заради што го известиле ресорното Министерство за здравство.

„Здравствената установа ПЗУ Санте Плус Гроуп, Скопје, специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија каде на пациентката и е укажувана здравствена заштита од доктор по општа хирургија, нема дозвола за работа од Министерството за здравство за вршење на оваа дејност, заради што ДСЗИ за затекната состојба на ден 26.07.2018 год со допис бр. 09-351, го извести Министерството за здравство за натамошно постапување односно одземање на дозволата за работа“, се вели во Предмет, известувањето.

Сето ова што го констатирале, за инспекторите отвора сомнеж за кој сметаат дека треба да се вклучат и други институции како ОЈО и МВР.

„Која и да било институција  што ќе побара од нас документација за болницата Санте Плус ќе и биде уредно доставена. Но, барање до овие институции може да достави само Министерството за здравство“, изјави за НОВА, Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ.

др. Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ

Според информации со кои располага НОВА, Министерството за здравство досега не доставило барање за истрага до ОЈО и МВР .

Од Министерството за здравство велат дека  постапуваат по предметот за случајот на Мирсада  Џуџевиќ Ќерими и се повикуваат на веќе одземената дозвола за работа на болницата, што вишиот Управен суд им ја врати до донесување на конечната одлука на судот.

„Имено, на Санте Плус веќе и е одземена дозволата за работа од страна на Министерството за здравство уште од месец февруари. За конкретниот случај, на 10.08.2018 год. Министерството за здравство го прими извештајот за овој предмет од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и истиот е дополнет на постојниот предмет и постапка која се води во Управен суд против Санте Плус, односно овој предмет уште истиот ден е доставен на натамошно постапување во Управниот суд“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.

Во февруари годинава Министерството за здравство ја одзеде дозволата за работа на болницата Санте Плус заради смртта на родилката Дебора Џамбази од Кичево која почина заради задушување при вовед во анестезија при породување со царски рез.

Од болницата Санте Плус  поднесоа жалба со образложение дека дозволата им е одземена неосновано, по што Вишиот управен суд времено им ја врати дозволата за работа, до конечната одлука на судот.

За тоа време болницата работи со полна пареа, а Министерството за здравство и покрај сите констатирани неправилности од овој случај,  ја чека конечната одлука на судот.

Инаку, од страна на ДСЗИ се иницира и стручен надзор над лекувањето на пациентката Мирсада Џ. Ќ. заради што истовремено информацијата е доставена и до министерот за здравство Венко Филипче како и до Лекарската комора на РМ.

За овој случај се заинтересираа и од кабинетот на премиерот Заев од каде побарале испитување на наводите во претставката која ја поднела пациентката , со обврска во рок од седум дена да се достави одговор до подносителот на претставката и до Шефот на Канцеларија на Претседателот на Владата на РМ.

Како што објави НОВА Мирсада Џуџевиќ Ќерими, 41 годишна жена од Скопје повеќе од една година живее во страв дека ќе и излезат цревата од стомакот поради три неуспешни операции направени  во болницата Санте Плус во Турција и една операција во болницата во Скопје, а поради компликациите инфекцијата следувало тримесечно примање на терапија и секојдневен третман во болницата во Скопје.  Мирсада тврди дека на нејзиниот стомак повеќе нема мускули, туку само тенок слој на кожа поради кои како што вели, мора постојано да носи дебел и тврдо стегнат појас кој и ги држи цревата да не излезат.

Весна Камилова, балкански координатор на „Санте Плус“ групацијата и извршен директор на болницата „Санте Плус“ во Македонија

Менаџерката на Санте Плус во Скопје, Весна Камилова негираше дека пациентката Мирсада Џуџевиќ Ќерими била воопшто третирана во болницата Санте Плус во Скопје. Таа тврди дека сите интервенции и биле направени во болницата во Турција, која е сосема друг правен субјект , односно дека Санте Плус во Скопје е фирма- ќерка на Санте Плус во Турција.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.