Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ испитува има ли системска грешка во случајот со починатата жена

0
By Менче Атанасова Точи on January 31, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Системска неорганизираност и шетање од болница до болница се причината поради која се изгубило драгоцено време во случајот со Аница С. која почина од сепса што ја добила поради пукнато дебело црево, велат лекарски извори од Хируршките клиники,  за НОВА.

Жената со силни болки во стомакот била вратена од Ургентниот центар бидејќи немало место, по што била препратена и примена на Клиниката за нефрологија, велат нашите извори. Според извор близок на смесјтвото пак, на Нефрологија,  каде што увиделе дека пациентката не е за кај нив,( по параметрите кои укажувале дека се работи за нешто друго, како и силните стомачни болки) повикале абдоменален хирург кој ги направил сите иследувања, по што жената била пратена во Ургентен центар каде и кажале дека нема место и повторно ја вратиле на Нефрологија. По ова била пратена и на Урологија, но и таму констатирале дека не е за кај нив.

Нашите извори велат дека е изгубено драгоцено време од нејзиното прво јавување на лекар на 21 јануари до операцијата која се случила на 24 јануари попладне, кога било констатирано дека се работи за пукнато дебело црево,  поради што настанала сепса и по три дена жената починала на КАРИЛ.

„Најверојатно, системска неорганизираност и шетање од болница до болница, се причината поради која се изгубило драгоцено време, посочуваат лекарски извори за НОВА.

Во Градската хируршка болница„ Св. Наум Охридски“, каде што за првпат се јавила на 21 јануари во 22 часот навечер, тврдат дека и биле направени сите потребни иследувања и била дадена терапија, но таму не утврдиле никаква дијагноза.

„ Во тој момент немало клиничка слика за прием, а по прегледот и лабораториските и  испитувања и рентген снимања, како и по примената терапија од  која се смириле болките и било препорачано да се јави утрината повторно на контрола. Пациентката не се вратила повеќе кај нас“изјави за НОВА Иван Спировски директор на Градската хируршка болница„ Св. Наум Охридски“.

Наместо тоа, откако ноќта ја поминала со болки, жената утредента помош побарала во Ургентен центар. Од тогаш почнала голготата и шетање од клиника на клиника, вели извор близок на семејството.  Таа била носена во Ургентен, на Нефрологија, на Урологија за по три дена да биде оперирана на Дигестивна хирургија, а на 27 јануари, три дена по операцијата починала на КАРИЛ.

Сепак, за конечниот исход и причините што довеле до ова треба да се почека Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од таму велат дека во тек е вонреден инспекциски надзор и прибирање на документацијата која го следи патот по кој се движела пациентката.

„ Правиме увид во целокупната документација од сите здравствени институции низ кои поминала, односно е поврзано лекувањето на пациентката.  Тоа значи дека правиме увид во целокупната електронска и хартиена документација, земаме копии од анализи, снимања и се што е поврзано со лекувањето“, изјави Ирена Бухова директорка на ДСЗИ.

Бухова потенцира дека денеска е направен надзор во Градска хируршка болница„ Св. Наум Охридски“, кај матичниот лекар, на Дигестивна хирургија, на Урологија, КАРИЛ, Ургентен и Нефрологија. Откога ќе заврши инспекцискиот надзор, од ДСЗИ велат дека ќе иницираат стручен надзор за случајот.

Како што вчера објави НОВА, 61 годишна Аница починала во неделата на КАРИЛ, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време.  Жената имала силни стомачни болки, но три дена лекарите не успеале  да дијагностицираат за што точно  се работи, ниту итно да ја оперираат.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.