Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациентка починала од сепса откако била препраќана од болница во болница

0
By Менче Атанасова Точи on January 30, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 30, 2019 16:32

Шеесет и едногодишна жена починала во недела на КАРИЛ, од сепса која ја добила од пукнато дебело црево, откако претходно била препраќана од клиника на клиника и шетана по болничките ходници, при што било изгубено драгоцено време, тврди за НОВА извор близок на семејството.  Жената имала силни стомачни болки, но три дена лекарите не успеале  да дијагностицираат за што точно  се работи, ниту итно да ја оперираат.

„Аница почина од прснато дебело црево,  од фекалии кои се разлиле во стомачната празнина, поради што сепсата навлегла во крвта. Изгубено  е драгоцено многу време, операцијата е направена многу доцна “, вели за НОВА, извор близок на семејството.

Нашиот извор вели дека семејството е се уште во шок, но во наредните денови најверојатно ќе излезат во јавноста за случајот.

Голготата започнала на почетокот на минатата недела. Со силно стомачно страдање, Аница најпрво  помош побарала во Градската хируршка болница„Св. Наум Охридски“, каде и дијагностицирале дека има камен  во бубрегот и ја пратиле дома.

Според кажување на блиска на семејството, таа ноќта ја поминала со болки, за утрината да биде однесена во Ургентен центар, но не била хоспитализирана таму бидејќи немало место.  Три дена, сега починатата жена била шетана по болничките ходници за да потоа биде  хоспитализирана на Клиника за нефрологија,  иако не била за таму.  Дури откога бил повикан абдоменален хирург кој препорачал да биде однесена на Клиника за дигестивна хирургија, таа во четвртокот минатата недела била примена на таму и попладнето оперирана. Покачените вредности на уреа и креатинин и други параметри на лекарите на Нефрологија им укажувале дека со организмот нешто се случува.

По ова, таа била однесена на КАРИЛ, каде по три дена починала. Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија за НОВА изјави дека нема зошто да објаснува на медиуми за случајот и тоа ќе го стори само на барање на Министерството за здравство.

„ Примена е сабајле кај нас во четвртокот и е оперирана попладнето. Не е шетана од клиника на клиника. Се што треба ќе објаснам на Министерството за здравство, ќе им ја дадеме и потребната медицинска документација. Нема ништо чудно во случајот, секој има право да умре“, рече Караџов, за НОВА.

На КАРИЛ пак, тврдат дека станува збор за стара перфорација на дебелото црево, најверојатно од неколку дена со замаскирана клиничка слика. Не знаат што се случувало претходно со жената, но велат дека кај нив била донесена во многу тешка состојба.

„Станува збор за пролонгиран процес. Таа имало израстоци на дебелото црево за кои не знаела кои довеле до пукање. Операцијата поминала добро, но штетата е направена. Не навлегувам и не знам што се случувало претходно, но пациентката беше донесена во септичен шок, во многу критична состојба, со сепса односно со бактерии кои с е излеале во стомачната шуплина. Ние направивме се што треба, но за жал пациентката почина“, изјави за НОВА Маја Мојсова раководител на КАРИЛ.

Во Министерството за здравство велат дека го испитуваат случајот и дека ќе се преземат сите мерки кои се во нивна надлежност, за да се расчисти што се случувало.

Во Државниот санитарен и инспекторат за НОВА потврдија дека прават вонреден инспекциски надзор, го следат патот по кој била лекувана починатата, почнувајќи од матичен лекар,  па се до КАРИЛ каде што починала. Со конкретни податоци најавија дека ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.