НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ ја затвори ординацијата „Др-сци мед. К. Митаноски“ каде што бил опериран починатиот

0
By Менче Атанасова Точи on February 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДСЗИ ја затвори ординацијата на „ Др- сци мед. К. Митаноски „ лоцирана во општина Аеродром каде што лекарот Звонко Николовски ја извршил операцијата на починатиот 38 годишен човек од Ресен. Од таму соопштуваат дека досега не добиле никаква документација, а во овие два дена додека трае инспекцискиот надзор не нашле ниту медицински кадар. Николовски операционата сала ја изнајмил за таму да ја направи интервенцијата.

„Во врска со случајот на починатиот пацинет во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, на ден 22 и 23.02.2019 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инпекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ПЗУ спец.ординација по пластична и реконструктивна хирургија „ Др сци мед. К. Митаноски „ лоцирана во општина Аеродром.

Во моментот на увидот, ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопственикот кој е носител на дејност согласно  решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. При надзорот од страна на докторот даден е податок дека операционата сала каде повремено му ја издава на користење на д-р Ѕвонко Николовски од ПЗУ „Јанита“ во Скопје. Починатиот пацинет е третиран во оваа сала.

Во врска со затекната фактичка состојба од страна на ДСЗИ записнички е изречена  времена ЗАБРАНА за вршење на здравтвена дејност во наведената ординација со поставување на службена лента, а за кое во наредните деновови ќе следат соодветни инспекциски мерки и постапки“, се вели во соопштението од ДСЗИ.

Од понеделник ќе се проверува во Министерството за здравство каква докумнтација поседува ординацијата, а доколку истрагата покаже дека има неправилности ќе бидат известени сите соодветни институции, вклучително и МВР.

Како што веќе објави НОВА, операцијата на хемороиди кај починатиот 38 годишен човек ја извршил доктор Звонко Николовски од ПЗУ „Јанита“ која се наоѓа во општина Тафталиџе.

„ Се работи  за ПЗУ „Јанита“, а лекарот кој што ја извршил интервенцијата е Звонко Николовски, специјалист по општа хирургија. Тој за да ја изврши интервенцијата изнајмил операциона сала во друга приватна здравствена установа, каде што се уште трае инспекцискиот надзор и се проверуваат сите документи“, изјави вчера за НОВА и Ирина Бухова, директорка на ДЗСИ.

Таму треба да се утврди дали смееле да вршат таква интервенција, каква опрема имаат, со каков кадар располагаат, кога се земени брисеви последен пат од операционата сала.

НОВА  стапи во контакт со ПЗУ „Јанита“од каде што ни одговорија дека нема ништо спорно во тоа што била изнајмена операциона сала во друга здравствена установа. Од таму потврдија дека интервенцијата на хемороидите била правена во понеделникот, а вечерта пациентот почнал да повраќа и добил дијареја, но како што рекоа без температура и дека му давале инфузија во неговиот дом.

„ Ние бевме цело време со него и во болницата „8 Септември“, каде беа направени сите анализи. Некои параметри покажаа поретемување на црниот дроб. Пациентот немаше температува. Но, треба да ги почекаме резултатите од инспекцискиот надзор, кога ќе имаме точни информации што се случило“, изјавија за НОВА во ПЗУ„ Јанита“.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го започна инспекцискиот надзор на повик од службите од болницата по смртта на младиот човек. Нема официјална потврда за причината за смртта, но се претпоставува дека најверојатно станува збор за сепса. По барање на семејството телото не било предадено на обдукација.

Тој бил донесен во болницата “8 Септември“ на 21.02. 2019 година во 11 часот, а починал вечерта меѓу 18 и 19 часот.

Од Градската општа болница „8-ми Септември“  соопштија дека сите информации ќе се добијат од ДСЗИ кој врши вонреден инспекциски надзор , а сите потребни информации и податоци се дадени на инспекторскиот тим. Се во во интерес на расчистување на евентуалните пропусти.

Инаку, лекарот кој што ја извршил интервенцијата не и непознат на македонската јавност. Пред повеќе од 17  години тој беше обвинет од пациент дека му заборавил пинцета во стомакот при операција во Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“, каде што беше вработен.

Подоцна, истиот лекар беше осуден на една година затвор поради лажирање на документи од наводни сообраќајни несреќи. Не е познато колку одлежа во затвор, но недолго после тоа беше фатен со мито од 200 евра, пари кои  му ги побарал на пациент за да му изврши операција на кила. По ова тој доби отказ од работа и ја отворил  ПЗУ„ Јанита“. Зошто досега не му била одземена лиценцата за работа од Лекарската комора, не е познато.

Дали Николовски има вина и во случајот со починатиот млад човек од Ресен треба да покаже истрагата, а особено стручниот надзор кој треба да го формира Министерството за здравство. Семејството не дозволило обдукција на телото што дополнително ќе ја усложни истрагата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.