НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ: Заботехничка лабораторија од Кавадарци работела нелегално

0
By Менче Атанасова Точи on December 19, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инспекторите на ДСЗИ откриле заботехничка лабораторија во Кавадарци која работела нелегално, тврдат во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Станува збор за фирмата „Кам –Кам Филипови“  кои без потребната дозвола за работа вршеле здравствена дејност, изработувале протези, заби, вршеле протетички услуги и сето тоа се рекламирало на социјалните мрежи, односно на интернет.

По извршената контрола, сопственикот и правното лице се казнети со 14 000 евра, заради две дела кои ги споиле во едно-за работа без дозвола и тоа според член 63, став 3 и 4  и по член 277 од Законот за здравствена заштита заради заведување на пациенти со рекламирање во непостоечка фирма.

„Кога влеговме ги затекнавме за време на работата, сопственикот, неговата сопруга и еден забен техничар кој се води како единствен во работен однос. Но, со оглед дека лабораторијата е голема и во неа имаше многу материјал очигледно е дека има повеќе вработени. Во просторијата затекнавме работни маси со материјали, опрема за работа, гипсени калапи-модли, отисоци од забала, примероци за заби, како и апарат чија вредност е од 50 до 100 000 евра, за кој допрва ќе се испитува потеклото, кога и како е внесен и дали е пријавен, изјави за НОВА,  др.Весна Вишинова раководител на подрачното одделение Велес, при ДСЗИ.

Вишинова вели дека таму не е водена никаква евиденција за пациенти, а немало ниту документи за потеклото и квалитетот на материјалот со кој се изработувале забните помагала.

Инспекторите велат дека имаат индиции дека лабораторијата работела така со години. Од ДСЗИ потврдија дека работеле според добиена претставка, а како доказен материјал имаат и реклами од социјалните мрежи каде многу познати лица од македонската естрада рекламираат заби направени во „Кам –Кам Филипови“, како и билборди во градот на кои ја рекламираат  фирмата.

По ова, лабораторијата била веднаш затворена, не работела цел месец, се до пред две недели кога ја обезбедиле потребната дозвола од Министерството за здравство.

„Ова не е прв ваков случај во државата, ние работиме, ги санкционираме но не кочат разни судии, адвокати, предметите се чуваат во фиока и не можат да бидат процесуирани , а со тоа и соодветно казнети “, изјави Вишинова.

НОВА стапи во контакт со семејството во чија што сопственост е заботехничката лабораторија. Тие велат дека нема да ја платат казната од ДСЗИ, (која се намалува за половина доколку се плати во рок од седум дена) и велат дека ќе одат на суд.

„Нема да ја платиме казната бидејќи сметаме дека е неправедна. Во периодот кога дојдоа инспекторите ние се префрлуваваме просторно од една фирма во друга и чекавме документи од Министерството за здравство за дозволата за работа“, изјави Весна Филипова сопруга на сопственикот на  заботехничката лабораторија.

Таа вели дека не е точно дека така работеле со години, туку тоа било период од неколку месеци.Филипова тврди дека девет години имале регистрирана фирма во склоп на стоматолошка ординација која сега ја префрлаат во сопствен простор.

Но, освен во оваа лабораторија инспекторите започнале да ги чешлаат и забните ординации кои работеле со нерегистрираната фирма и досега биле во 14 од нив. Сите сопстеници на ординациите изјавиле дека воопшто не соработувале со  фирмата „Кам –Кам Филипови“, а особено негирале дека ги рекламирале своите услуги на социјалните мрежи.

ДСЗИ за оваа состојбата во Кавадарци ги известиле и Државниот инспекторат  за труд  и Државниот пазарен инспекторат, но до овој момент не е доставено известување до ДСЗИ од нивна страна.

Доколку инспекторите често наидуваат на фирми кои се во т.н сива зона, работат без дозвола, не плаќаат даноци и не можат да гарантираат за квалитетот на стоматолошките материјали, се поставува прашањето во каква состојба е стоматолошката дејност и кој гарантира за здравјето на пациентите. Очигледно, не само инспекторите со проблематиката треба да се позанимава и Стоматолошката комора, каде што се издаваат лиценците и која треба да биде еден вид гаранција дека во државата оваа здравствена дејност нуди квалитет и безбедност за пациентите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.