Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дубиози во фуриозната најава на Мицкоски за инвестицијата на Алказар во ветерен парк

0
By Marija Todorovska on June 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Бојаровски

Ветерниот парк на Алказар не може да биде алтернатива на четирите стратешки енергетски инвестиции што ги блокираше ВМРО-ДПМНЕ: Соларниот парк – Стипион на Акуо Енерџи, когенеративната гасна централа на грчката компанија Метилинеос, соларната централа во Пехчево како инвестиција на бугарски сопственици, и соларниот парк, со гасна централа и опционално батерии, на белгиската „АИМ Грин Тецх“.

Не е проблем само претставувањето на инвестицијата на Алказар како „писмо за намери“, а не реална инвестиција за која парите „ќе се собираат“ до крајот на 2025, а почетокот на работите е предвиден за почетокот на 2026 година, туку има многу повеќе дубиози во фуриозната најава на инвестицијата на Мицкоски вредна 500 милиони долари.

Списокот на непознати и нерешени прашања е долг, но да започнеме со ред.

Освен што Алказар Енерџи нема свои, туку собира пари од други инвеститори, треба да се знае дека овој инвестициски фонд е само тоа, а не компанија со којзнае какво портфолио во енергетиката. Еве со бројки: Алказар Енерџи, на ваков ист начин, каков што се предвидува и со инвестицијата во Северна Македонија, има реализирано само 6 енергетски постројки и тоа во Египет и Јордан. Две ветерни фарми и 4 фотовотлаични електрани.

Оваа, „ќе биде ветерна фарма“ во Северна Македонија, втора во регионот, заедно со исто така „ќе биде“ ветерен парк „Бијела“ во Црна Гора, за која почетокот на работите е предвиден на почетокот на 2025 година.

Колку за споредба, ќе го земеме портфолиото на францускиот гигант Акуо Енерџи, кој требаше да го изгради соларниот парк Соларен парк – Стипион. Оваа фотонапонска централа требаше да се изгради на местото каде требаше да се гради карго аеродромот во Штип, која според големината, ќе беше најголемиот соларен парк во Југоисточна Европа и со инсталирана моќност од 400 МW, „Стипион“ едноставно ќе ја поставеше Северна Македонија на чело на енергетската транзиција во Европа.

Но, како што е познато, оваа мега енергетска инвестиција, заедно со уште трите други, Когенеративната гасна централа на грчката компанија Метилинеос, соларната централа во Пехчево како инвестиција на бугарски сопственици, и соларниот парк, со гасна централа и опционално батерии на белгиската „АИМ Грин Тецх“, беа блокирани од ВМРО-ДПМНЕ и во собраниската постапка не стигнаа ниту до комисиите, благодарение и на „поддршката“ на таа блокада од страна ДУИ.

Освен белгиската, останатите се познати големи компании во енергетскиот бизнис со искуство во такви проекти.

За да ја направиме разликата, со само неколку зборови ќе го споредиме портфолиото на Алказар Енерџи со она на Акуо Енерџи.

Со седумнаесет годишно искуство, француската компанија Акуо Енерџи е пионер во имплементацијата на иновативни решенија за искористување на сончевата енергија и на другите извори на обновлина енергија како што е ветерот. На веб-страницата на компанијата може да се види дека во своето портфолиото таа има реализирано проекти за обновливи извори на енергија со моќност од 3 гигавати, што е прилично импресивна количина.

За разлика од шесте плус „две во најава“ инвестиции на Алказар Енерџи, Акуо Енерџи е присутна во повеќе од 20 земји на пет континенти каде што има финансирано повеќе од 80 проекти за производство и развој на обновливата енергија. Акуо Енерџи е исто така пионер на моделот на агроволтаици, кој го комбинира производство на електрична енергија и земјоделски производи.

Ова треба да се знае за да бидат работите појасни кои со фуриозната промоција на ветерниот парк во најава меѓу Карбинци, Штип и Радовиш, можат да бидат замаглени.

Инвестицијата на Алказар нема ниту еден од 12-те документи предвидени со закон кога станува збор за енергетски проекти

Кога веќе го наведовме регионот каде што е планирано да се изградат над педесеттина ветерници за производство на струја, да ја наведеме и реакцијата на Крешник Бектеши, претходниот министер за економија во чија надлежност беше и енергетиката, која наведува неколку точки според кои оваа фуриозана најава за инвестицијата ја прикажуваат како дубиозна.

Бектеши предупредува дека како прво, инвеститорите не направиле мерења на ветерот, немаат идеен проект или инфраструктурна дозвола, немаат физибилити студија за вклучување на ветерниот парк во мрежата во МЕПСО, ниту пак еден од 12-те документи предвидени со закон кога станува збор за вакви инвестиции.

Долга е оваа листа, но таа не завршува тука. Според Бектеши, очигледно е дека инвеститорите во најава не се запознаени со просторното планирање на Македонија. Бектеши не го наведува тоа конкретно, но според сознанијата на Рацин.мк, регионот каде што се планира инсталацијата на 50 ветерници е опфатена во Националната мрежа Емералд подрачја во кои се прилично строги правилата за градење.

Следно на листата на дубиозни прашања, засега без одговори, е и потеклото на парите, односно, која е последната инстанца во сопствеништвото на Алказар. Тоа што недостасува, или што се крие во врска со сопствеништвото на инвестициски фонд, кој иако е регистриран во Луксембург со офис во Дубаи, негов сопственик е финансискиот гигант од Кина „Три Клисури“ (Three Gorges).

China Three Gorges South Asia Investment Limited (C-SAIL), е инвестициска група на China Three Gorges Corporation (CTG) во Јужна Азија, целосно државно претпријатие со регистриран капитал од 18,3 милијарди американски долари и стратешки позициониран да стане конгломерат за чиста енергија специјализиран за развој и работа на екетроцентрали од големи размери.

Токму оваа државна кинеска компанија, во 2021 година ја купи 100% Алказар Енерџи, што значи дека најавениот „ќе биде ветерен парк“ на Мицкоски, е, всушност, инвестиција зад која стои кинеска компанија.

Со оглед на тоа дека енергетскиот сектор е дел од критичната инфраструктура на државата, овој податок добива сосема поинаква димензија и ако се поврзе со милијардата на Орбан, јасно е каде се врти интересот на новата влада во однос на стратешките инвестиции во Северна Македонија.

И уште нешто, не помалку битно, сега никаде ги нема разно разните здруженија на инжинери и други енергетски душегрижници кои беа прилично гласни и активни кога беа во прашање стратешките енергетски инвестиции што ги предлагаше СДСМ. Сеге ништо не е предмет на преиспитување. Јасно е.

Рацин.мк

Ветерници Зоран Бојаровски Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.