НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ од тетовчани бара поддршка за Теута Арифи, за возврат им нуди зелена агенда

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ кампањата за локалните избори вечерва ја продолжи во Тетово, каде ја претстави кандидатката за градоначалничка, Теута Арифи и листата на советници во оваа општина.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред жителите на Тетово истакна дека изборната платформа на неговата партија се базира на зелената агенда која гарантира подобар квалитет на живот за сите граѓани на Тетово.

– Вие сте првиот фронт накај каде не само очите на Тетово, туку и на другите Албански градови во Република Северна Македонија се свртени со цел кој ќе го води нашиот град. Тетово не е само на Тетовчани, туку и на сите Албанци, тоа е град на универзитети. Тетово е втор дом за многу студенти. Кој стигне не може да менаџира со градот на Албанците, со градот на иднината. Не знам зошто за момент се сетив на амбасадорот Пердју, во еден разговор го прашуваат: Која е неговата оценка за ДУИ, за луѓето што ја водат партијата? Тој вели: ДУИ наликува на орел, лета со концентрација и никогаш не ја губи целта од пленот што треба да го фати. Браќа и сестри, 20 години навистина изгледаме како орли затоа што навистина не ги загубивме од вид нашите цели, со смелост сме чекореле затоа што не сме пресметувале дали ќе го освоиме следниот мандат или не, но направивме проекти и планови: Дали Албанците ќе победат во мандатот со кој ќе управуваме, дали Албанците ќе продолжат да чекорат напред и во оваа насока се усвоени смели одлуки, но тие смели одлуки и тие летови на височини ги носат само храбрите и ние навистина го направивме тоа. Храбро влеговме на овие локални избори кои за ДУИ се 24 години победа и јас сум многу сигурен дека тоа ќе се случи и на 17 октомври, како во Тетово, така и со Теута Арифи на трет мандат, бидејќи јас сум многу сигурен со тимовите, почнувајќи од носителот на листата па натака, тие се навистина посветени. Теута го има стекнатото искуство за да има уште подобар и пореализиран мандат што го очекува од 17 октомври па натака, рече Ахмети.

Кандидатката за градоначалник на Општина Тетово, Теута Арифи побара поддршка од тетовчани со цел да може да продолжи понатаму со реализацијата на проектите кои се во изборната програма за општина Тетово. Таа рече дека главниот мотив да се кандидира за уште еден мандат се токму младите генерации кои заслужуваат уште повеќе и подобро.

– Она што е мотив за мене денес, браќа и сестри, се овие млади луѓе, токму овој нов тим советници всушност зборува точно за нашата подготвеност и богатство. Имајќи го зад себе богатото минато, напорната работа на сегашност, наш главен приоритет е да работиме заедно со цел да ја подигнеме и поддржиме оваа млада генерација која треба да биде продолжение на промените, на доброто, континуитетот на работната сила, која е и главна филозофија на Демократската Унија за Интеграција. Светската историја покажува дека овие агенди и овие големи и важни идеи кои изгледаат модерно се всушност модерната суштина и продолжување на патриотизмот, продолжување на можноста и еднаквоста оваа генерација да се образува на својот мајчин јазик, оние кои се бореле за себе и нивните права, исто така, успеаја да имаат моќ и да направат промени, додека другите останаа заглавени во приказни од минатото и немајќи концепти да нудат промени, секогаш ја повторуваат старата песна:Како не чинеле другите, не покажувајќи како тие би го направиле тоа сами ако би имале можност, рече Арифи.

Претходно, ДУИ беше на Шар Планина, од каде Ахмети рече дека донесувањето на одлуката за прогласување на планината за национален е важен историски чекор што ќе придонесе за заштита на ова национално богатство.

ДУИ на локалните избори учествува со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. Оваа партија деновиве ќе ги своите кандидати и во другите градови и општини.

ДУИ кампањата утре ја продолжува во општина Долнени, додека централниот митинг и ќе го одржи во општина Пласница каде ќе ја претстави Платформата за локалните избори.

ДУИ кампања Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.