Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ: Постојат услови под кои ВМРО-ДПМНЕ би гласале уставни измени

0
By Соња Петрушевска on October 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наредната среда е последниот рок до кога ќе се знае дали парламентарното мнозинство успеало да обезбеди двотретинска подршка за уставните измени или ќе побара распуштање на Собранието и спроведување на идни вонредни избори.

„Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на наредната.  Некаде околу 10 октомври е таргет кога треба да и соопштиме на јавноста кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, кажа Заев.

 

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека за нив Договорот со Грција е политички мртов, затоа што референдумот бил со бројни нерегуларности и го подржале само 36 проценти од гласачите.

„Констатиравме дека согласно анализата направена од нашиот тим преку 50 илјади ливчиња беа уфрлени во гласачките кутии, понатаму се заплашуваа граѓани, имаше обид за поткуп, влијание врз гласачи, кршење на молк и други нерегуларности со што бевме сведоци на едни целосно недемократски и криминален процес и затоа целата постапка на референдумскиот резултат ја прогласуваме за голем фалсификат и резултатот на референдумот не го признаваме“ кажа партискиот потпретседател Александар Николовски по седницата на Извршниот комитет.

Од ВМРО ДПМНЕ за НОВА ТВ изјавија дека „дали ќе има избори, не зависи од нас“. Од таму ги повторија нивните барања – смена на обвинителот, формирање на техничка Влада и на анкетна комисија која ќе го испитува организирањето и спроведувањето на референдумот. Власта експресно ги одби ваквите барања.

„ Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Самите институции дадоа свои коментари. Да се бара комисија која ќе провери дали референдумот бил законски, дали имало законитост во неговото спроведување и слично во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, како и Управниот суд во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања“ кажа Заев.Тој додаде дека изминатат година, СДСМ ги прифатила сите барања на опозицијата и повторно не добила подршка за евроинтегративниот процес кој е важен за Македонија.

„ Во минатото дадовме карт-бланш за техничка влада. Ги прифативме барањата за финансирање на политичките партии, ја формиравме Државната изборна комисија со претседател од ВМРО-ДПМНЕ. За возврат апсолутно не сакаа ни да разговараат за некаков начин за успешна поддршка на процесите кои се важни за Македонија“ кажа Заев.

Во ДУИ велат дека не треба се брза со распишување на итни избори, туку да се направи обид да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.

„Во овие околности, пратениците на ВМРО ДПМНЕ велат дека нема да гласаат, ајде да видиме под кои околности би гласале, затоа што претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски рече дека доколку мнозинството е „за„ тие би гласале за уставните амандмани. Значи има услови под кои би гласале“ вели висок партиски функционер од ДУИ за НОВА ТВ, без конкретно да наведе на кој начин ќе се обидат да ги одоброволат пратениците на опозицијата да дадат согласност за уставните амандмани.

За да се одржат изборите кон крајот на ноември, Собранието треба да се распушти на 10 октомври. Конститутивната седница треба да се одржи најдоцна 20 дена по изборите, а по конституирањето на Парламентот, претседателот на државата треба да  го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Македонија до крајот на годинава според Договорот од Преспа треба да ги усвои уставните амандмани, за Договорот потоа да биде ратификуван и во грчкиот парламент, по што наредната година треба да биде потпишан Протоколот за членство во НАТО. Доколку земјава не го имплементира Договорот, нема да стане членка на НАТО , ниту ќе  ги почне преговорите за влез во ЕУ.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.