Според шефот на изборниот штаб на ДУИ, Абдилаќим Адеми, податоците од партискиот аналитички центар велат дека нивниот кандидат во Тетово води на речиси сите избирачки места.
Партијата ДУИ денешниот изборен процес го оценуваат како фер и демократски, со забелешка дека на некои граѓани не им било овозможено да го реализираат своето гласачко право поради одредени причини.
Неофицијално, во Кичево победил кандидатот на ДУИ.