Владејачката ДУИ купила нов партискиот недвижен имот – веќе изградена деловно-административна зграда лоцирана во центарот на Тетово, во кругот на „Телеком“, пишува неделникот Фокус во најновиот број.
Објектот располага со приземје и 3 ката, со габарит од 452 квадратни метри, а внатрешната површина 1.423 квадратни метри, а земјиштето се уште се води дека е во сопственост на државата.
Бејтула Адеми, прв човек на финансискиот оддел на ДУИ, изјавил дека партијата подигнала банкарски кредит од околу 900.000 евра, со рок на враќање од 7 години.
Еден од претходните сопственици на зградата била една од најуспешните градежни компании во Македонија, АК-Инвест.