Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ: Во недела Албанците ќе кажат „НЕ на едностраниот претседател“

0
By Нова ТВ on April 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„24 години по ред ние Албанците сме вклучени во процесот на демократизација на земјата, со активно учество во изградбата и развојот на Република Македонија, но никогаш не успеавме да раководиме со една од трите први функции на државата. Ако целта на демократијата е владеење на народот, се поствавува прашањето: Кога на нас Албанците ќе ни дојде редот да раководиме со една од трите главни институции на нашата заедничка држава?“, рече потпретседателот на ДУИ г-дин Гзим Острени.

– Со цел да ја смениме оваа реалност, ние во Демократската унија за интеграција (ДУИ) сметаме дека системот во демократија треба да им создаде и обезбеди можност на сите, и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите за да се чувствуваат рамноправни.
Затоа, ДУИ нуди идеја на владеење на сите народи во нашата заедничка мултиетничка држава, базирана на уставните измени според Охридскиот договор. Оваа идеја неслучајно ја именувавме како “консензуален претседател”.

– Затоа, на 13 април, во недела ќе кажеме “НЕ за едностран претседател “, ќе кажеме НЕ на четирите кандидати кои не го земаа во предвид албанското барање за претседател со меѓу-етнички консензус, рече Острени.

ДУИ останува на ставот дека консензуалниот претседател не е ниту етноцентричниот концепт на кандидатот Иванов, ниту пак концептот на граѓанска држава на кандидатот Пендаровски, ниту концептот на дневен партиски интерес кој го промовира Халими, туку е претседател кој потекнува од договорот меѓу албанскиот народ и македонскиот народ.
Само шеф на држава со меѓу-етнички консензус, како резултат на договор меѓу народите, е соодветното решение за овој пресуден момент во кој се наоѓа Македонија наспроти членството во НАТО и Европската унија.

– Ако волјата на сите заедници е обединета во решителноста за побрзо вклучување во НАТО и во Европската Унија, уште еднаш јавно прашуваме: Зошто да немаме заеднички кандидат кои ќе ја забрза имплементацијата на оваа определба?

– Јас бев претседателски кандидат. И тогаш бев убеден дека еден консензуален претседател ќе биде најдобро решение и за меѓу-етничкото помирување. Претседателот на Република Македонија треба да го персонифицира единството на сите народи, без разлика на верската или етничка припадност, истакна Острени.

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека ниту 13-ти ниту пак 27-ти април нема да биде крај на политичката борба за консензуален претседател. Напротив, ова е само почеток.

ДУИ ќе ја продолжиме политичката битка за целосна рамноправност се додека нема да има институција или функција која ќе биде недостапна за Албанците.

За да ја добиеме оваа политичка битка , в недела ние Албанците ќе кажеме, “НЕ за едностран претседател” на начин што нема да излеземе на гласање за претседател на државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.