Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуке Бојаџиев со голем концерт во „Метрополис“ арената

0
By Нова ТВ on February 10, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авалон продукција го најави својот прв голем проект за 2016.година – концертот на композиторот, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“, кој ќе се одржи на 20.февруари со почеток од 21 часот, во арената „Метрополис“.

Ова ќе биде прв голем концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје, по успешното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, кулминација на сета негова досегашна концертна работа, зачинет со врвни музички гости, поезија и камерен оркестар.

Дуке пред домашната публика ќе се претстави со неговите пријатели и соработници: гитаристот Влатко Стефановски, потоа Каролина Гочева, легендарниот актер Никола Ристановски, светски познатиот кларинетист Исмаил Лумановски, светски реномираната пејачка Тања Царовска и перкусионистите Матијас Кунзли и Костас Анастасијадис – сите придружувани од камерен оркестар, под диригентство на маестро Саша Николовски- Ѓумар.

Специјално за овој концерт, Дуке Бојаџиев и пријателите ќе бидат облечени во костими дизајнирани од Тања Кокев.

Дуке Бојаџиев веќе долго време живее и твори во Њујорк меѓутоа своите најнови проекти континуирано ги промовира и пред домашната музичка сцена, пред својата публика.

Автор е на филмска, електронска и акустична музика во која може да се почувствува духот на македонската традиција, иако принципите во кои е урамен неговиот музички израз и стил се строго западноевропски. Низ неговата интернационална кариера, Бојаџиев има соработувано со оскаровците Џонатан Деми и Данис Тановиќ, како и со македонскиот режисер Столе Попов за неговото последно филмско остварување.

Музиката на Дуке е користена за светски кампањи на познатите брендови „Пежо“, „Ланком“ и „Лореал“, но и на разни светски музички компилации како „Буда Бар“ и „Маракеш Експрес“.

Во моментов, тој ја работи музиката за новиот филм на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.