Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дупката во клинички не е дупка, долгот од 100 милиони евра не постои?

0
By Менче Атанасова Точи on April 5, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред некој ден го прашав министерот за здравство Никола Тодоров, до каде е изградбата на новиот Клинички центар„Мајка Тереза“. Се насмеа шеретски и ми одговори: „Чекаме Банката на Советот на Европа да го распише тендерот“! И си замина од прес конференцијата. Толку! Веројатно мислеше дека ме замолкна со дипломатскиот одговор„ ни вака-ни така“, откако претходно ми дофрли, „уште ли ќе поставувате прашања“, бидејќи едно веќе поставив.

Не, не ме збунивте министре, со овој одговор! И немојте ниту за момент да помислите дека со ова ќе се оправдате што три години, откако со екс-премиерот Груевски сечевте лента и го означивте почетокот на изградбата на грандиозниот објект, на местото стои само дупка. Ја срушивте старата зграда на Клиниката за гинекологија, багерите ископаа дупка, вие се сликавте, дававте изјави за проектот тежок цели 70 милиони евра чија изградба треба да биде завршена во 2017 година и завесата се спушти, претставата заврши.

klinicki nov (2)Сега, се ближи рокот кога треба да финишира изградбата на современиот клинички блок, за кој дури и за копчињата во лифтовите дознавме дека ќе бидат позлатени, а од објектот нема ниту траг. Италијанската проектанската куќа „АРЕН СРЛ“ си ги доби своите 1, 3 милиони евра за изработка на проектот со кој извлекувавте воздишки кај овој напатен народ, им дадовте надеж дека ќе се лекува во најсовремена клиника. Кратко потоа, не требаше многу да се истражува за да откриеме дека архитектот на проектот бил двапати апсен и осудуван за проекти поврзани со изградба на болници и старечки домови во Италија.

Затоа сега прашањето што ќе ви го поставам јавно е: „Зошто досега Банката на Советот на Европа не го распиша тендерот за изградба на новиот Клинички центар “?

Заради тоа, што вие немате издржан и сериозен проект, студиозно направен со сите детали, вклучувајќи ја и цената? Дека не треба да биде со фасада од стиропор и евтини материјали кои ќе се наплатат со многу пати повисока цена од реалната, нели? Дали тоа е причината што деталите за изградбата се чуваат како најголема тајна и до нив никој не може да дојде?

delegacija Gruevski

Дали се смеевте шеретски што успеавте да ме „откачите“ за да не прашувам понатаму или заради тоа што го манипулирате овој народ, кој од свој џеб во наредните 15 години треба да го исплаќа кредитот од банката? Токму заради тоа треба да знаете дека сте должни, транспарентно да образложите каде ќе биде или веќе е потрошен секој добиен денар од кредитот.

Откако ја заградивте дупката за да не се гледа и да не преставува опасност, за некој од пациентите да не падне и загине таму, вашиот следен фокус беше Штип, каде пред неполн месец ја најавивте изградбата на новиот Клинички центар, инвестиција вредна 30 милиони евра. Повторно со кредит од Банката на Советот на Европа.

lopati

На поставувањето на камен темелникот отидовте со цела свита, сегашниот премиер и поранешниот, лидерот на вашата партија, Груевски, двајцата директори на Фондот, директорката на Бирото за лекови, двајца пратеници од ВМРО ДПМНЕ, градоначалникот на Штип. Цел митинг на ВМРО ДПМНЕ! Се промовираше партијата преку објект кој треба да се гради со пари земени на заем од Банката, кои со години треба да ги враќаат граѓаните на оваа држава. И повторно истата приказна дека „ ова ќе биде здравствен комплекс како што досега не е изграден во Македонија“.

Агресивниот популизам на владеачката партија е редовно на агендата на министерот Тодоров. Со него задолжително настапува и претседателот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Груевски.

Логиката е да се влијае, да се измени перцепцијата на граѓаните за состојбите кои се однесуваат на нивното здравје, а власта да добие поени во најранливиот и најважниот сегмент во општеството. А, што е поважно од здравјето на човекот? Само партиските цели на актуелниот министер, очигледно.

Лебарките, руинираните болнички соби, храната која не ја јадат ниту уличните кучиња, лековите кои сами си ги купуваат пациентите во болниците, искинатите пижами и чаршави, незадоволните доктори,недостигот на медицински потрошен материјал, не се дел од таа агенда.

dorucekbolnica-3-535x320

Но, затоа пак помпезно се најавуваат ново-стари проекти, се сечат ленти на апарати кои веќе работат со години, министерот секојдневно одржува прес конференции, најавува работи кои веќе биле промовирани порано.

Деновиве на пример, беше промовиран апаратот за рано откривање на аномалии на плодот, кој Груевски и Тодоров го пуштија во употреба иако истиот работел со години во лабораторијата на Клиниката за гинекологија. Револтирани вработени на социјалните мрежи тврдеа дека апаратот воопшто не е нов, напротив дека е стар 15 години.

Во една прилика хирурзите беа шокирани кога министерот Тодоров промовираше апарат „како големо достигнување на овие простори“, а всушност неколку исти такви апарати веќе 10 години се во рутинска употреба на неколку хируршки клиники.

Директорот пак, во друштво со министерот, кимаше со главата, се сликаа и даваа изјави пред камерите за целата работа биде поубедлива.

И додека министерот ја спроведува агендата, скапи апарати од големиот тендер рѓосуваат и собираат прашина во подрумите зашто нема кој да работи со нив. Нели требаше прво се обучи кадарот, па да се купува апаратура? Така се прави секаде во светот.

А, тоа што за ПАП тест се чека два месеца? За ЕХО на дојка прв слободен термин е во јули? Снимање на апаратот за Магнетна резонанца е дури за 4-5 месеци? Тоа е дел од реалноста и не треба да се каже, зашто ќе ја расипе сликата за „идеалното“здравството.

И така, сега Банката на Советот на Европа ни е виновна што на местото на новиот Клинички блок стои само дупка. Денот на шегата, 1-ви април помина, доаѓа 7-ми, Денот на здравјето. Што ќе им кажете на граѓаните, тогаш? Дека и дупката не е дупка? А, задолжувањето од 100 милиони евра за два клинички центри, не постои?

Клинички центар популизам Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.