Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб кој пред пет дена беше уапсен под сомнение дека сторил повеќе кривични дела врзани со корупција и трговија со влијание го очекува долг притвор кој би можел да трае и една година. Хрватските медиуми известуваат дека големиот број на сведоци ќе ја направи долга доказната постапка во овој случај, а долг е спиоскот на писмени докази кои обвинителството треба да ги изведе за да го докаѓе случајот. Според хрватското обвинителство предложени се 270 сведоци.