Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Душан Дракалски меѓу 30-те најдобри креативни директори во светот

0
By Нова ТВ on January 11, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Kреативниот директор на Њу Момент, Дракалски, стана дел од ТОП 30-те креативни директори во светот според интернационалниот ранкинг
PIAFYS за “сезоната“ 2013/2014
.

PIAFS интернационалниот ранкинг на креативни директори ги рефлектира постигнувањата на најдобрите светски адвертајзинг фестивали. Топ фестивалите се поделени во три категории и секоја освоена награда на некој од нив носи определен број на поени.

Заклучно со 2 Јануари 2014 год., за PIAFS 2013/2014 ранкингот, во обзир се земени постигнувањата на следниве фестивали: Cresta Awards, Eurobest, Europe Cristal, Epica, Golden Drum, LIAA, Loerie, MIAF, Spikes Asia.

Со вкупно обезбедени 15.300 поени, Дракалски во новата 2014 година влегува рангиран на 30-тото место во светот, како дел од најдобрите креативни директори од најзначајните светски адвертајзинг агенции.

Приматот бр.1 креативен директор во светот го завзема Mescall John, креативниот директор на МекКен Австралија следен од неговиот колега Baron Pat кој е второпласиран.

Од регионот, најдобро котира креативната екипа на Saatchi&Saatchi Белград, составена од Вељко Голубовиќ, Драгана Петковиќ и Жарко Вељковиќ кои заедно го делат 12-тото место.

Во јули минатата година, спотот симболично наречен „10 метри одвоени – Ден на заедничка молитва“, на македонската агенција „Њу момент“ од Скопје, чиј креативен директор е Дракалски, беше добитник на „Канскиот лав“ (Cannes Lions) во категоријата „Титаниум – интегрирана кампања“. Ова беше првпат ваква висока награда од Канскиот фестивал да биде доделена на некоја држава од Балканот.

Маркетиншкиот „Оскар“, односно „Канскиот лав“, во Скопје го добија Сашо Пешев, генерален директор и партнер на агенцијата и Душан Дракалски, регионалниот креативен директор на „Њу момент“, кои вчеравечер се качија на победничката сцена во Кан, заедно со лауреатите од останатите 16 категории.

– Се потврди дека за еден сон да стане стварност, потребно е доволно долго да се сонува и многу напорно да се работи. Со оваа награда потврдуваме дека Македонија има вонсериски креативци и големи потенцијали, на кои доколку им се даде вистинската шанса, можат да се борат и да ги победуваат и најкреативните и најдобро платените во светот – вели Пешев.

Во регион како Балканот, исполнет со војни, омраза и нетолеранција, спотот го покажува вистинскиот напор на Христијаните и Муслиманите во Македонија да се доближат едни до други, вистински да се запознаат и да се разберат. Во релативно контроверзната тема на истовремено, заедничко верско молење на поповите и на оџите, меѓународното жири во Кан препозна идеја на која ѝ додели една од највисоките награди во светската индустрија на маркетингот.

– Шансата за освојување „Лав“ е 1:37000, повеќе шанса има гром да Ве удри. Но, пораката на оваа кампања е моќна, ова е нашиот придонес кон толеранцијата во нашата земја. Вистински луѓе направија реален чекор кон мир, разбирање, почитување едни кон други. Светот ја препозна тежината на овој гест и силината што спотот ја соддржи – изјави Дракалски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.