Во изјава за НОВА, Душко Илиевски, млекарот од Битола, вели дека не можел да го искористи своето право на глас бидејќи неговото име го немало на избирачкиот список, а воедно и на 20-тина членови на неговото семејство.
„Денеска отидов да го исполнам своето граѓанско право, но на списокот за гласање го немаше моето име, како и името на мојата мајка и други 20-тина членови на семејството. Прашавме дали не имаат пишано во умрените или живите“, изјави Илиевски.
На избирачкото место било побарано од Илиевски да ги напушти просториите, после што му била повикана полиција.
Илиевски овој инцидент го пријавил во Хелсиншки комитет и во останатите надлежни институции.
Душко Илиевски е познат на јавноста поради сомнение дека одгледувал марихуана за што беше држен во притвор, но судските инстанци подоцна ваквото обвинение го отфрлија како неосновано.